Author: dino

Францускиот претседател, Емануел Макрон, не крие дека е задоволен што ќе гледа спортисти од Израел на ЛОИ Париз 2024 година. „Ќе ни биде мило да видиме израелски спортисти во Франција. Тие ќе можат да настапат под нивното национално знаме“, рече Макрон. Тој нагласи дека  Франција е одговорна за нивната безбедност. Претходно, Палестинскиот национален олимписки комитет испрати писмо до првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, барајќи од него да им забрани на израелските спортисти да учествуваат на Олимписките игри во Париз. 

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна турнирот во Португалија во Фигуеира да Фоз што се игра за награден фонд од 100.000 долари. Taa денеска лесно  ја совлада Анастасија Иамачкине од Перу.  Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (6-2 6-4). Нашата претставничка во наредната рунда ќе игра со петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија која е на 163 место на ВТА листата.

Read More

Tренерот на фудбалерите на Струга ТЛ, Ќатип Османи, денеска на средба со новинарите се насочи кон утрешниот меч со Пјуник во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.   „Пјуник е многу дисциплинирана, многу борбена екипа. Се работи за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да победиме. Тимот е комплетиран, само еден играч не се знае дали ќе може да игра од почеток поради физичката подготвеност. Треба да бидеме внимателни на двата меча“ – потенцираше Османи. Првата средба ќе биде одиграна утре на стадионот „Билјанини Извори“ а реваншот ќе биде на теренот на Ерменците.

Read More

Фудбалерите на Струга доколку го поминат тимот на Пјуник, во наредното трето квалификациско коло во Конференциската лига, ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Диферданж од Луксембург и Ордабаси од Казахстан. Стружани в среда ќе му бидат домаќини на ерменскиот состав додека на 30-ти ќе гостуваат на неговиот стадион. Диферданж и Ордабаси утре ќе ја имаат првата пресметка и тоа во Луксембург. Средбите од третата рунда во Конференциската Лига се закажани за осми и 15 август.

Read More

Најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот состав Вардар, денеска го прославува 77-от роденден. Се започна во истоименото кино на 22.07.1947. „Во чест на сите генерации на фудбалери и спортски работници кои биле дел од ФК Вардар, во чест на сите подеми и падови, порази и победи, но пред се во чест на народот и навивачите кои се обединија и не дозволија црвено-црната гордост да пропадне“-стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.  -Симболично, во чест на роденденот на Вардар, утре ќе биде одигран пријателски натпревар против екипата на Динамо Загреб, кој ќе се одигра на стадионот ,,Максимир” во Загреб, со почеток…

Read More

Рускиот состав Зенит ќе му дозволи на Бразилецот, Вендел, да замине во редовите на турскиот тим, Галатасарај, наведуваат денеска медиумите во двете земји. Според нив преговорите се во напредна фаза и набрзо се очекува официјализирање на трансферот. Вендел во претходната сезона имаше 35 натпревари во сите конкуренции на кои постигна четири голови и направи 10 асистенции. Се очекува турците да платат околу 20 милиони евра за потписот на 26-годишниот фудбалер.

Read More

Неколку млади фудбалери на Реал Мадрид ќе бидат ставени на трансфер листата. „Кралевите“ со нивната продажаба сакаат да покријат дел од парите што ги потрошија за купувањето на Килијан Мбапе. „Мундо Депортиво“, објави, дека  „белите“ сакаат да се разделат со 20-годишниот играч за врска Марио Мартин, 19-годишниот офанзивен фудбалер, Нико Паз и со 19-годишниот напаѓач, Алваро Родригез. Засега не се наведува дали има заинтересирани екипи и колку би била нивната пазарна вредност.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт, сака да остане во клубот и да се наметне кај менаџерот, Ерик тен Хаг, објави новинарот, Фабрицио Романо. Иако во изминатиот период се појавија информации дека англичаните сакаат да го продадат Маунт, сега ситуацијата драстично се менува. 25-годишниот играч за врска најави дека е фокусиран на настапите за Јунајтед и има намера да го покаже во претстојната сезона. Маунт во 2023 година за 55 милиони евра го напушти Челзи и се пресели кај „црвените ѓаволи“.

Read More

Кошаркарот, Кевин Дурант, кој ќе ги предводи САД на Олимпијадата во Париз, потенцираше дека пресвртница во неговата кариера била Олимпијадата во 2012 година кога за прв пат се појави во така наречениот дрим-тим. Тој беше заедно со прославените, Леброн Џејмс, Коби Брајант, Кармело Ентони, Крис Пол, Дерон Вилијамс и Андре Игудала. „Олимписките игри во 2012 година беа пресвртница во мојата кариера. Секојдневно бев опкружен со одлични кошаркари. Ги гледав како работат и многу „крадев“ од нив. Знам како им е сега на помладите кошаркари во селекцијата кои мора многу да научат“ – изјави Дурант.

Read More

Шведскиот интернационалец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, влегува во плановите на новиот тренер на Наполи, Антонио Конте. Двајцата работеа заедно додека италијанскиот тренер седеше на клупата на Тотенхем. Тогаш луцидниот напаѓач доживеа вистинска промоција во дресот на „спарси“ и беше еден од најдобрите фудбалер. Сепак, трансферот е речиси невозможен бидејќи Кулушевски вреди повеќе од 60 милиони, сума што Наполи реално гледано не може да ја покрие. Единствена варијанта е да биде продаден Виктор Осимен и тие средства да се пренасочат за купување на Кулушевски.  .

Read More