Холанѓанката, Елен Ван Дајк, ќе се појави на Олимписките Игри во Париз, потврди денеска велосипедската федерација во нејзината татковина. Таа иако пред само шест недели го скрши зглобот во сообраќајна несреќа и мораше да оди на операција, ќе биде дел од големиот спортски форум. Велосипедистката, која победи на хронометарот на светските првенства во 2013, 2021 и 2022 година, заврши на четвртото место на трката на хронометар на Олимписките игри во Рио 2016 година.
Author: dino
Нашата најдобра фудбалска репрезентација се спушти едно место на новата ранг листа на ФИФА откако подолг период немаше активности. Македонија сега го држи 72 место со 1348, 63 поени. На врвот најмногу прогресираше новиот европски шампион, Шпанија. „Фуријата“ скокна големи 5 места и влезе во Топ 3. Пред неа се лидерот Аргентина и селекцијата на Франција. Од четвртото до 10-то место се наредени: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
Генералниот менаџер на кошаркарскиот состав Сакраменто, Монти Мекнер, не го крие задоволството што тренерот, Мајк Браун, потпиша нов тригодишен договор вреден 30 милиони долари. „Мајк досега заврши голема работа и продолжувањето е сосема заслужено“ – рече Мекнер за медимите во САД. Браун во последните две сезони со Сакраменто имаше 94 победи и 70 порази. Искусниот тренер претходно работеше во Кливленд, и Лос Анџелес Лејкерс.
Кошаркарот на Милвоки, Крис Мидлтон, ќе биде подготвен за новата сезона во НБА лигата иако имаше операција на двата зглоба, пренесе агенцита – „Ројтерс“. Тој во претходниот шампионат имаше само 55 мечеви со просек од 15,1 поени, 5,3 асистенции и 4,7 скокови по натпревар. Мидлтон беше избран од Детроит на драфтот во 2012 година но, веќе во наредната беше испратен во редовите на „Бакси“. Тој досега има 739 натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.
ПСЖ и Бенфика може да разменат фудбалери. Францускиот тим сака да го испрати Ренато Санчез во Португалија а за возврат да го добие потписот на 19-годишниот играч за врска Жоао Невес, велат денешните информации во медиумите. Претходно беше објавено дека клубовите биле на чекор до договор но, како проблем се појавила сумата за откуп. Бенфика бара 120 милиони евра додека парижаните понудиле 60 милиони евра и уште десет како бонуси.
Фудбалерите на Струга ТЛ се елиминирани во првото квалификациско коло за место во Лигата на шампионите. Тие денеска во реваншот загубија од Слован Братислава со 2 спрема 1 и со вкупен резултат 6-3 го завршија патувањето во Европа. Словачкиот тим поведе со голот на Вајс во 9 минута додека во 34-та Ристевски си постигна автогол. Единствениот погодок за стружани беше дело на Компаоре во самиот финиш. Струга ТЛ сега ќе се спушти во во Лигата на Конференции. Таму во 2.квалификациско коло ги чека двомеч со ерменскиот Пјуни
Македонскиот олимписки комитет преку социјалните мрежи прави промоција на нашите спортисти што ќе настапат на Олимписките Игри во Париз. Прв на листата е атлетичарот, Дарио Ивановски, олимписки стипендист на МОК. – Ивановски има трчано на бројни атлетски дистанци во кариерата а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020. Во неколку наврати го подобруваше државниот рекорд во маратон кој сега е 02:08:26. Тој резултат го обезбеди годинава во февруари во Севилја. Дарио во моментов е на подготовки во Франција и таму ќе остане до почетокот на игрите. Му посакуваме среќа на Дарио кој ќе настапи на 10…
Лионел Меси кој со Аргентина го освои Купот на Америка, им се заблагодари за поддршката на фановите. Тој на пет мечеви имаше 1 гол и 1 асистенција. Во финалето поради повреда мораше пред време да го напушти теренот. „Добро сум, фала му на Бога, се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот и ќе уживам во она што најмногу го сакам“ – вели Меси. „Многу сум среќен бидејќи ја постигнавме нашата цел. Тимот има голема иднина. Напред Аргентина! – објави Меси на социјалните мрежи.
Фудбалерот, Ермедин Демировиќ, потпиша договор со Штутгарт кој ќе биде валиден до 30 јуни во 2028 година. Eкипата на Аугсбург zа неговиот трансфер ќе добие околу 20 милиони евра. Тој во претходниот шампионат во Бундес-лигата одигра 33 средби со ефект од 15 голови и 10 асистенции. Босанецот одигра и еден натпревар во Купот на Германија. Неговиот нов состав во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.
Напаѓачот, Адам Бакмен, во наредната сезона ќе го носи дресот на хокеарскиот состав Њу Џерси. Неговиот договор ќе биде само за една година а неговата плата ќе изнесува 775 илјади долари. Тој во претходниот шампионат беше дел од екипата на Минесота. Во регуларниот дел на НХЛ одигра 11 натпревари и направи 2 асистенции. Бекмен официјално замина во новиот тим на 21 јуни.
