Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не крие дека е крајно разочаран од вчерашниот пораз од норвешкиот Розенброг на пријателски меч. „ Јунајтед има стандарди. Знам дека сега не можеме да бидеме во оптимална состојба но, ние сме Манчестер Јунајтед и играчите мора да се претстават подобро“ – вели Холанѓанецот. „Црвените ѓаволи“ ќе ја започнат новата сезона на 10 август со натпреварот од Комјунити Шилд против Манчестер Сити. Првиот меч во Премиер-лигата ќе им биде на 16-ти во истиот месец против Фулам.
Author: dino
Првите луѓе на Тотенхем не се откажуваат од идејата да го ангажираат напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, кој најави дека сака да си замине од Торино. Тој иако се наоѓа на радарот на Рома, наводно, изјавил дека има голема желба да заигра во Премиер-лигата. Згора на тоа, „старата дама“ нема намера да го пушти во конкурентски клуб во Серија „А“. Се претпоставува дека трансферот во Лондон ќе биде реализиран за најмалку 30 милиони евра.
64-годишниот фудбалски стратег, Рафа Бенитез, може да прифати понуда да седне на кормилото на селекцијата на САД, пренесе денеска -„ЦБЅ Спортс“. Тој треба да го наследи Грек Белхатлер, кој на 11 јули доби отказ по неуспешниот настап на Копа Америка. Бенитез кој на времето работеше во Реал Мадрид и Ливерпул, последен пат беше активен во екипата на Селта. Специјалистот беше и во Евертон, кинески Далијан Про, Њукасл, Наполи, Челзи, Интер и Валенсија. Бенитез досега нема работено како селектор.
Силвија Митевска е таа која изминативе години се обидува да ја подигне родовата еднаквост во спортот во Македонија. Со својата организација тргна од една појдовна точка , а колку успеа да направи на овој план во изминатиот период ќе дознаеме од разговорот со Митевска која со спортската организација Спорт Соушал Солушнс е предводник во борбата за поголема родова еднаквост во спортот. Долго време Вие и вашата организација работите на темата на родова еднаквост во спортот. Дали има видливи резултати? -Има позитивни исчекори и резултати, но не со темпото кое би сакала да го видам. Спортот, креиран од мажи за мажи,…
Михаел Балак, прославениот фудбалер на Германија, не се согласува со објаснувањето на УЕФА зошто неговата селекција не доби пенал на вчерашниот меч со Шпанија во 1 / 4 финалната фаза на Европското првенство. Европската куќа на фудбалот наведе дека таквите ситуации нема да се третираат како намерно играње со рака бидејќи фудбалерот прави обид да избегне допир со топката. „ По секој шут кога топката е удрена се проверува дали има пенал. Тука се е јасно. Нема простор за интерпретација без проверка на тој ракометен момент“ – изјави Балак.
Фудбалерот на Португалија, Рафаел Леао, по вчерашната елиминација од Франција на Европското во Германија, вели дека сите научиле многу и тоа ќе треба да им биде голем плус во иднина. „Ќе научиме од игрите. Благодарност до сите Португалци за поддршката. Нема многу зборови. Се е готово. Сите што играа дадоа максимум“ – изјави напаѓачот. „Пеналите се лотарија а Франција победи. Имавме шанси но, не ги искористивме. Феликс е неверојатен талент иако имаше несреќна епизода“ – изјави Леао.
Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, го потенцираше големиот потенцијал на младиот напаѓач, Арда Ѓулер. „Колку повеќе игра, толку е подобар. Ако може да ја одржи стабилноста, неговиот огромен талент ќе го доведе до височините“ – изјави Монтела за сајтот на УЕФА. Неговата селекција денеска на Олимпискиот стадион во Берлин ќе го одигра мечот со Холандија во рамките на четвртфиналето на Европското првенство. Средбата ќе започне во 21.00 часот.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го продолжи договорот до 2026 година, објави денеска прес-службата на англискиот елитен фудбалски состав. 54-годишниот холандски стратег ги води „црвените ѓаволи“ од 2022 година. На крајот од минатата сезона во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го зазеде осмото место но, успеа да го освои ФА Купот. Токму тој трофеј му овозможи во наредната сезона да учествува во Лига Европа.
УЕФА преку официјалниот сајт ги објави имињата на судиите за саботните мечеви Англија – Швајцарија и Холандија – Турција. Средбата меѓу „Гордиот Албион“ и селекцијата од под Алпите му е доверена на Даниеле Орсато. Негови помошници ќе му бидат сонародниците од Италија: Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини додека резервен судија ќе биде Даниел Зиберт (Германија). Во ВАР собата главниот збор ќе го има Масимилијано Ирати (Италија). Вечерниот меч од 21.00 часот меѓу „лалињата“ и Турција, ќе го суди Французинот, Клемент Турпин. Ќе му помагаат неговите сонародници, Николас Дано и Бенџамин Пежет додека резервен судија ќе биде Феликс Цвајер (Германија). Во ВАР…
Македонскиот возач, Ристо Вуков, продолжува меѓу светската елита во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1. Toj на претходниот викенд во Австрија имаше контакт со Дирк Шотен по што се изврте и на крајот заврши како последен. „Навистина жалам бидејќи ми пропадна одлична шанса за освојување поени. Автомобилот беше во одлична форма и немам зборови за професионалноста на мојот тим „Омбра рејсинг“ кој застанува зад мене во тешките моменти,- рече Вуков. „ Се надевам дека малерите и проблемите останаа во Австрија. Силверстон е сосема поразлична патека“ – изјави Вуков пред неделната трка.
