Италијанскиот фудбалски состав, Наполи, може да ангажира двајца централни дефанзивци, објави новинарот, Фабрицио Романо. Првиот е Шпанецот, Рафа Марин , кој челниците на Реал Мадрид ќе му го отстапат времено на Наполи за 10 милиони евра. Вториот фудбалер е италијанскиот репрезентативец, Алесандро Бонџорно, кој ќе биде ангажиран од екипата на Торино. Тој во изминатата сезона одигра 31 натпревар со ефект од три гола и даде една асистенција. За него постои опција да добие перманентен договор.
Author: dino
Фудбалерите на Аргентина ги чека мечот со Еквадор во елиминациите на Копа Америка. Нивниот селектор, Лионел Скалони, не сакаше да открие дали првата ѕвезда на „гаучосите“, Лео Меси, ја санирал повредата. „Ќе почекаме пред да донесеме одлука за Меси. Имаме опција со Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез“ – вели Саклони. „ Ако Лео не игра, се ќе се промени. Ќе разговарам со него за да одлучам што ќе правиме“, изјави Скалони,
Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Нико Вилијамс, вели дека нема намера да размислува за наредниот чекор во неговата кариера додека тече Европскиот шампионат во Германија. „Фуријата“ во втората елиминациска фаза ја очекува мега-пресметка со домаќинот. Мечот ќе биде одигран на 5 јули. „Му кажав на мојот агент дека не сакам да слушам ништо за тоа додека трае еврото“, изјави крилниот напаѓач на Атлетик Билбао.
Поранешниот капитен на руската репрезентација, Андреј Аршавин, имаше објаснување за успехот на грузиската репрезентација која како дебитант успеа да влезе во нокаут-фазата на Европското во Германија. Таму загуби од еден од фаворитите за победничкиот пехар, селекцијата на Шпанија. „Поради четворица играчи. Станува збор за голманот (Мамардашвили), Хвича, Микаутадзе и Кочорашвили. Дисциплината на Сањол – ги форсира“ – вели Аршавин.
Челниците на фудбалскиот состав Интер одлучија да ја прекинат соработката со тројца ветерани. Актуелниот шампион на Серија „А“ се раздели со Алексис Санчез, Хуан Куадрадо и Дејви Класен на кои им истекоа договорите. 35-годишниот чилеански интернационалец, Санчез, одигра 142 натпревари и освои повеќе трофеи. 36-годишниот Куадрадо пристигна како слободен играч од Јувентус пред почетокот на изминатата сезона и забележа 12 настапи. Холанѓанецот, Класен (31) кој дојде од Ајакс имаше договор за само една сезона.
УЕФА нема да го казни репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, кој по голот на мечот со Словачка во осминафиналето на Европското првенство имаше непристоен гест во пределот на гениталиите. Играчот на „Гордиот Албион“ веднаш по средбата се обиде да се оправда дека тој потег бил само шега наменета за неговите пријатели на трибините. Сепак, УЕФА, најави дека ќе поведе дисциплинската истрага. Медиумите се убедени дека Белингем нема да биде санкциониран.
Прославениот фудбалер на Франција, Емануел Петти, вели дека Килијан Мбапе мора да ги покаже квалитетите на теренот доколку сака да биде респектиран од соиграчите во репрезентацијата. „Ти си главен, ти си капитен, сакаш да бидеш најдобар играч на светот, покажи ни дека си најдобар на светот“ – така веројатно размислуваат неговите соиграчи, потенцираше Петти. „ Дел од другите во селекцијата може да бидат иритирани од неговот его а тоа не е добро за тимот“ – потенцираше поранешниот репрезентативец.
Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо, постави анти-рекорд на Европското првенство. Голгетерот на Португалците промаши пенал на вчерашниот меч со Словенија во 1/8 финалето откако голманот, Јан Облак, го одбрани неговиот удар во судиското продолжение. Роналдо стана првиот играч кој не успеал во два наврати да постигне гол од пенал на Континеталните собири. Првиот пат тоа се случи во 2016 година кога ја погоди стативата на натпреварот против Австрија.
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, вели дека неговиот им требало порано да го реши мечот со Словенија во фазата на елиминации на ЕП. Португалците кои не искористија пенал преку Роналдо во продолжението од два пати по 15 минути, на крајот беа посреќни во пенал-рулетот. „Имавме многу шанси во текот на 90 минути, игравме многу добро. Ја имавме многу топката но не победивме“ – вели Мартинез. „Мислам дека тајната на Португалија е Диого Кошта. Неговата реакција во ситуација еден на еден беше неверојатна“ – вели селекторот на Португалија.
Фудбалската репрезентација на Франција вчера успеа да ја совлада Белгија со минимални 1:0 и да си обезбеди место меѓу најдобрите осум на тековниот евро-шампионат во Германија. Селекторот на „галските петли“, Дидие Дешамп, нагласи дека двете селекции биле приморани да одиграат крајно внимателен меч без ризик но, дека Франција заслужила да победи. „Ние креиравме повеќе шанси. Нашиот единствен проблем е слабата реализација“- потенцираше Дешамп.
