По завршувањето на групната фaза на Европското фудбалско првенство во Германија познати се двојките и термините за осминафиналната фаза. Распоред на мечеви 29 јуни Швајцарија-Италија (18.00) Германија- Данска (21.00) 30 јуни Англија-Словачка (18.00) Шпанија-Грузија (21.00) 01.Јули Франција-Белгија (18.00) Португалија-Словенија (21.00) 02. јули Романија-Холандија (18.00) Австрија-Турција (21.00)
Author: dino
По одигрувањето на последните мечеви во групниот дел во одбојкарската Лига на Нации за мажи, познати се сите екипи што ќе играат од четврток до недела на завршниот Ф4 турнир во Полска. Според програмата на 27 јуни во 1 / 4 финалето, Јапонија ќе игра со Канада додека Полска ќе се сретне со Бразил. В петок прво ќе играат Италија – Франција а потоа Словенија – Аргентина. Полуфиналните мечеви ќе бидат в сабота а дуелите за медали се закажани за вториот ден од викендот.
Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, зборуваше пред денешниот решавачки меч за неговата селекција против Италија во рамките на последното коло во групата „Б“. Според анализата и математиката, „коцкестите“ мораат да одат на победа и немаат простор за калкулација. „Најдобри сме кога е најтешко. Кохезијата е нашиот најдобар квалитет. Тоа не прави уште посилни бидејќи не гради како фудбалски тим“ – вели голманот на Хрватска.
Крилниот напаѓач во селекцијата на Данска, Сков Олсен, се надева дека селекторот ќе ја промени тактиката и дека во новата шема ќе може да добие шанса на теренот. Тој не крие дека има голема желба да игра на Европското фудбалско првенство во Германија. „Секогаш сакам да играм, затоа сум тука. Гледам дека е тешко на нас, крилата, со тактичкиот систем што го користевме досега“, изјави Сков Олсен за новинарите. „Подготвени сме да помогне во секој момент доколку тренерот го промени системот на игра“ – изјави фудбалерот на Данска.
Репрезентативецот на Швајцарија, Гранит Џака, по вчерашното реми со Германија (1:1) кое ја однесе неговата земја во фазата на елиминации, вели дека е задоволен од резултатот. „Секогаш е разочарувачки да се прими гол на крајот. Генерално мислам дека покажавме одличен карактер, добро ја чувавме топката и на крајот треба да бидеме среќни со еден бод“ – вели Џака. „Знаевме колку се силни Германците. Мислам дека делувавме агресивно без топка, притискавме и во повеќе случаи добро се покажавме“ – изјави Џака за сајтот на УЕФА.
Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешамп, не е сигурен дека Килијан Мбапе кој заработи скршеница на носот на првиот меч на Европското првенство против Австрија, ќе може да игра утре против Полска. Брзоногиот напаѓач кој ќе мора да игра со маска на лицето мораше да го прескокне мечот од второто коло против Холандија кој заврши без голови. „Триколорите“ утре во последната рунда по групи ќе излезат на мегдан со Полјаците. „Работите одат во посакувана насока. Килијан се навикнува на маската “ – потенцираше Дешамп без да даде конкретен одговор на прашањето дали ќе го пушти Мбапе да игра.
Холандскиот фудбалер, Џошуа Зиркзе, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, најавија дел од медиумите во Англија. Според нив, „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат 40 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Зиркзе во последната сезона одигра 34 натпревари во Серија „А“. Тој успеа да даде 11 гола и да направи пет асистенции. Младиот фудбалер е дел од селекцијата на Холандија која настапува на Евро-шампионатот во Германија.
Екипата на Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите. Битолчани влегоа во групата поканети со Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија. Од претходно во елитата место си обезбедија: Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција. РК Вардар во новата сезона ќе игра во групната фаза од Европската лига. Алкалоид за таму ќе треба да помине квалификации. ЕХФ треба дополнително да потврди дека Охрид и Тиквеш ќе играат во Европскиот куп.
Селекторот на словачката фудбалска репрезентација, Франческо Калцона, зборуваше во пресрет на натпреварот од 2. коло од групната фаза на ЕП 2024 со селекцијата на Украина. „Мораме да дадеме 110% затоа што сме мала нација и сакаме да ги радуваме нашите навивачи. Сè уште нема причина за славење. Целосно сме фокусирани на претстојниот натпревар“ – изјави Калцона. Натпреварот меѓу Словачка и Украина ќе се одигра денеска од 15.00 часот на стадионот Меркур Шпил Арена во Дизелдорф.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, верува дека Германија може да се врати на мапата како организатор на трка. „Германија имаше успешни возачи како Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои привлекуваа внимание. Тоа потоа исчезна. Убеден сум дека љубовта кон спортот ќе се врати во Германија“ – вели Доменикали. Претходно беше најавено дека во догледно време календарот во Формула 1 нема да претрпи промени и дека европските патеки ќе се ротираат.
