По одигрувањето на последните мечеви во групниот дел во одбојкарската Лига на Нации за мажи, познати се сите екипи што ќе играат од четврток до недела на завршниот Ф4 турнир во Полска.
Според програмата на 27 јуни во 1 / 4 финалето, Јапонија ќе игра со Канада додека Полска ќе се сретне со Бразил. В петок прво ќе играат Италија – Франција а потоа Словенија – Аргентина.
Полуфиналните мечеви ќе бидат в сабота а дуелите за медали се закажани за вториот ден од викендот.