Екипата на Бостон е новиот шампион во најсилната светска кошаркарска лига откако ја доби финалната серија против Далас со 4-1. Во последниот сезонски меч одигран доцна во ноќта зад нас, Бостон славеше убедливо на домашен терен со 106-88. Џејсон Тејтум беше незапирлив и успеа да дојде до 31 кош, осум скокови и 11 асистенции. Во чекор го следеше Џејлен Браун со 21 поен, осум скокови и шест асистенции. Кај поразениот тим се издвои ука Дончиќ со 28 поени, 12 скокови и пет асистенции.
Author: dino
Фудбалерот на Словачка, Станислав Лоботка, кој беше прогласен за играч на мечот со Белгија, вели дека и фортуната кумувала на победата против големиот фаворит во групата. „ Можеби имавме и среќа. Излеговме со желба да победиме. Бевме блиску да ја испуштиме победата“ – вели Лоботка. „Среќен сум поради наградата за играч на натпреварот, но посреќен сум поради нашиот триумф. Дефинитивно добро започнавме“ – потенцираше репрезентативецот на Словачка.
41-годишниот дефанзивец, Пепе, ќе си замине од редовите на Порто, потврди доцна синоќа претседателот на португалскиот фудбалски состав, Андре Вилаш-Боаш. „Тој нема да остане кај нас. Му ги објаснивме причините. Ние максимално ја почитуваме неговата кариера но, мораме да ги намалиме трошоците“ – вели првиот човек на Порто. Пепе кој во два периода играше за Порто, успеа да освои четири пехари во домашниот шампионат.
Фудбалскиот сојуз на Србија се соочува со две обвиненија поради однесувањето на навивачите на нашиот северен сосед на вчерашниот меч против Англија на Европското првенство во Германија. Според наведеното, српските навивачи се обвинети дека фрлале предмети на теренот и „ширеле провокативна порака што не е во согласност со спортскиот настан“. Во објавата се наведува дека етичкиот и дисциплинскиот службеник на УЕФА дополнително ќе спроведе истрага за целиот процес на трибините.
Одбранбениот фудбалер на Шпанија, Емерик Лапорте, нема да биде на списокот за денешниот меч со Хрватска на Европското првенство. Тоа го потврди и селекторот на „Фуријата“, Луис де ла Фуенте, со напомена дека не станува збор за повреда. Лапорте има одиграно 26 натпревари за Шпанија на кои постигна еден гол. Неговата селекција денеска од 18.00 часот ќе го има првиот настап на ЕП и тоа против Хрватска.
Фудбалерот, Лео Меси, кој со неговата Аргентина се подготвува за претстојното издание – Копа Америка, вели дека ќе биде тешко да се одбрани титулата. „Гаучосите“ во текот на ноќта славеа на пријателски натпревар против Гватемала со 4:1 а Меси беше стрелец на два гола. Другите два го постигна Лаутаро Мартинез. „Сакаме да го даваме максимумот. Сигурно ќе биде тешко да ги оствариме нашите цели – потенцираше Меси. Неговата земја во групната фаза ќе игра со Канада, Чиле и Перу.
Фудбалерот, Де Кетелер, кој имаше одлична сезона во Аталанта како позајмен од Милан, ќе остане во тимот од Бергамо. Според одредени шпекулаци, двата тима се договориле за сума од 22 милиони евра плус два како бонуси. Белгиецот кој се наоѓа со неговата селекција на Еврото во Германија, претходната сезона ја заврши со 14 голови и 11 асистенции на 50 натпревари во сите конкуренции.
Фудбалерот, Бенџамин Павард, има само ласкави зборови за неговиот колега од репрезентацијата на Франција , Килијан Мбапе. „Тој e лидер на теренот и надвор од него. Тој е одличен капитен и одлична личност. Сигурен сум дека ќе има фантастично Европско првенство“ – потенцирал Павар за медиумите во неговата татковина. Првата ѕвезда на „триколорите“, Мбапе, имаше мала повреда на коленото но, според најавите, ќе може да игра на Евро 2024 .
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Гарначо, ќе биде на списокот на Аргентина за претстојниот шампионат – Копа Америка кој ќе започне на 20 јуни. Тоа пред новинарите го потврди селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони. „Можам да гарантирам дека Гарначо ќе биде со нас“ – изјавил Скалони. 19-годишниот крилен напаѓач има одиграно пет средби во различни конкуренции. Тој дебитираше за Аргентина во претходното лето.
Фудбалерот на ПСВ и на холандската репрезентација, Џои Вeрман, повторно ги коментираше информациите дека Реал Мадрид го разгледува како замена за Тони Крос кој отиде во пензија. „ Уморен сум и се чувствувам лошо бидејќи морам постојано да одговарам на тоа прашање кога нема апсолутно ништо“ – вели Вeрман. Тој има договор со холандскиот состав до 2026 година. Неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 40 милиони евра.
