Во „Етно Куќа Марковиќ“ во Куманово ќе биде организирано посебно дефиле на спортските легенди од поранешна Југославија со акцент на учесниците на Светското првенство во бокс во 1978 година. Според организаторот на настанот, Чедомир Марковиќ, кој беше гостина на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, треба да бидат присутни боксери од тогашната репрезентација на Југославија и поранешни славни спортски ликови од екс-ју просторите. Меѓу имињата се наведени : Фазлија Шаќировиќ, Братислав Ристиќ, Аце Русевски, Тадија Качар, Драгомир Вујковиќ, Анте Јосиповиќ, Мирко Пузовиќ, Реџеп Реџеповски, Примислав Димовски итд. На дефилето се поканети и луѓе од фудбалот, Дарко Панчев, Кочо Димитровски, Вујадин…
Author: dino
Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија. Според објавеното на официјалниот сајт на ФФМ, Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024. Сашо Даневски изминатите три седмици работи во Франкфурт со делегираните судии за Европското првенство.
Нашиот фудбалски репрезентативец, Столе Димитриевски, го парафираше договорот со Валенсија. Тој во првиот контакт со медиумите нагласи дека доаѓа во клуб со голема традиција. „Она што најмногу ме импресионира во клубот е стадионот – „Месталја“ – изјави Димитриевски за новинарите при пристигнувањето. Македонскиот голман стави потпис на двегодишен договор.
Легендарниот тренер од Италија, Фабио Капело, верува дека во наредната сезона ќе биде многу поинтересна трка за Скудетото. „Милан и Јувентус ќе го имаат главниот збор. Можеби и Наполи. Не верувам дека Интер ќе ја одбрани титулата“ – вели Капело. „Конте ќе може да се насочи само кон домашните мечеви и тоа ќе биде голема предност за Наполи“ – вели познатиот фудбалски тренер
Легендарниот НБА играч, Џејсон Кид, има само пофални зборови за членот на Бостон Селтик, Џејсон Тејтум. „Тој е еден од најдобрите играчи во светот“ – потенцираше Кид пред третиот финален меч меѓу Далас и Бостон кој ќе биде одигран утре во 02.30 часот на теренот на Далас. „Селтикс“ имаат предност од 2-0 откако ги добија првите два меча на домашен терен.
Крилниот напаѓач на Шкотска, Луис Морган, вели дека неговата селекција може да ја изненади Германија на отворањето на Европското првенство. Иако „панцирите“ како домаќини се фаворити за првото место во групата а воедно и за победничкиот пехар, 27- годишниот фудбалер на Њујорк Ред Бул, е оптимистички расположен. „Имаме талентиран состав.Во фудбалот се случуваат чудни работи. Нема причина да не одиме таму и да победиме„ – вели поранешниот напаѓач на Селтик.
Фудбалерот на Порто, Еванилсон, кој имаше одлична сезона, успеа да го привлече вниманието на повеќето европски гиганти пред се од Островот. Наводно, за неговиот потпис во преден план се наметнуваат луѓето од Тотенхем. 24-годишниот Бразилец беше еден од најдобрите во португалскито состав и ја заврши сезоната со 25 голови. Во неговиот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Луѓето од Челзи ќе направат нов обид да дојдат до потписот на напаѓачот на Астон Вила, Џон Дуран, кој беше трансферна цел на „сините“ и во јануарскиот преоден рок. Тој во 2023-та го облече дресот на Астон Вила и потпиша договор вреден 18 милиони фунти. 20-годишниот играч во последната сезона постигна осум голови. Интернационалецот од Колумбија на трансфер-пазарот вреди околу 25 милиони евра.
Ерик Тен Хаг додека е на одмор со семејството на Ибица, добил поволни вести од челниците на Манчестер Јунајтед. Според медиумите во Англија, првите луѓе на „црвените ѓаволи“ решиле да го продолжат договорот со Холанѓанецот. Реално гледано, 54-годишниот стратег е единствената опција за тренерската позиција во англискиот состав. Тој го освои првиот трофеј како тренер на Јунајтед во февруари 2023 година кога „црвените ѓаволи“ го победија Њукасл во финалето во Лига Купот.
Тренерот на кошаркарите на Бостон, Џо Мазула, по втората победа против Далас во финалето на НБА лигата, тврди дека тимската игра носи добри резултати. Селтикси ги победија Маверикс со 105:98 а лидер кај поентерите беше Дру Холидеј (26 поени). „Навистина ми е смачено да слушам кога зборуваат за тоа момче или за друг или за трет. Тоа треба да се гледа како тимска кошарка“ – потенцираше Мазула.Бостон сега има предност од 2-0 во победи. Наредниот меч ќе биде одигран в четврток во 02.30 часот. Домаќин ќе биде Далас.
