Поранешниот фудбалер на Наполи, Ирвинг Лозано, од 1 јануари 2025 ќе настапува во САД во екипата на Сан Диего. 28-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до крајот на 2028-ма со опција за уште две сезони. Тој ќе инкасира околу 7 милиони долари годишно. Лозано во дресот на Наполи одигра 155 натпревари и постигна 30 гола .
Author: dino
Македонскиот олимписки комитет ќе добие дополнителна финансиска и логистичка поддршка за реализација на амбициозните планови и програми за успешни резултати на македонските спортисти. Воедно, македонскиот спорт ќе добие поддршка и во спортска техника и опрема од различни меѓународни спортски федерации се со цел што поуспешна организација на Европските младински олимписки игри што треба да се одржат во Скопје во 2025 година. Тоа доаѓа како резултат на работните средби што ги остварија претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски во рамките на 53. Генерално собрание на Европските олимписки комитети (ЕОК) што се одржува во Букурешт, Романија.…
Тренерот на ракометарите на Алкалоид, Кире Лазаров, не го криеше задоволство од успешната сезоната која го донесе првиот пехар во клубот. „Бевме доминантни пред да влеземе во плеј-офот. Успеавме да освоиме Куп пехар, во неполни 72 часа успеавме да ги победиме двата најголеми клуба – Пелистер и Вардар, тоа е голем успех, знаеме дека сме на добар пат кој ќе биде уште потежок“ – вели Лазаров. „Сакам да апелирам до другите клубовите да не гледаат во нас конкуренти туку да инвенстираат во млади играчи, само така можеме да го одржиме ракометот како спорт број еден во нашава држава“ – потенцираше…
Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, на денешната средба со новинарите се насочи кон историскиот момент остварен со млади ракометари. „ Нашиот тим го донесе првиот трофеј во витрините, тоа е Купот на Македонија, успех на кој сме посебно горди. Игравме во Европската лига во која имавме шест квалитетни натпревари со кои стекнавме големо искуство“ – вели Ѓорѓиев. „Благодарност до Алкалоид за условите и до соиграчите кои беа големи професионалци. На крајот најмногу сакам да се заблагодарам на публиката која неуморно не бодреше “ – изјави Ѓорѓиев.
Директорот на ракометниот состав Алкалоид, Горан Минов, на денешната средба со новинарите изрази задоволство од постигнатото во завршената сезона. „Нашата сениорска екипа успешно се претстави во Европската лига во која ги освоивме првите бодови а го положивме и организацискиот дел. Преку домашното првенство изборивме место во Европа а посебна сатисфакција е освоениот Куп на Македонија“- вели Минов. „Не радуваат резултатите со кои станавме прваци во пионерска, кадетска и младинска категорија. Голема благодарност до Кирил Лазаров како и до ракометарите кои максимално се вложија и ја направија сезоната да ни биде најдобра и најуспешна до сега“ – изјави Минов.
Спортскиот директор на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за летните активности, за новите имиња во клубот и за плановите за наредната сезона. „Втора година по ред станавме шампиони и тоа е навистина голем успех за клубот. Битола живее за ракометот а прославата на титулата траеше неколку денови. Костурот останува, условно речено првата постава. Правиме состав кој ќе биде посилен и ќе бележи подобри резултати. Се бројат само денови за да се објават новите засилувања. Ќе атакуваме на двојна круна дома и секако на успешни резултати во Европа. Ќе направиме се што…
Советникот за образование и спорт во кабинетот на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Саше Јовановски, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 проговори за спортскиот сегмент во тој дел на градот. „Со засилено темпо ги реализираме сите предвидени проекти што имаат допирна точка со спортот. Во богатата програма се опфатени професионалните клубови, рекреативците и пред се најмалите возрасни категории преку училишните спортски активности. Планираме да организираме и летен спортски камп во кој ќе има три категории а сите учесници ќе работат со познати спортисти. Досега се пријавија стотина заинтересирани“ – вели Јовановски. „Несебично вложуваме и во инфраструктурата за спортски активности.…
Фудбалерот, Хакан Чаханоглу, кој имаше одлична сезона со Интер и успеа да се израдува на титулата во Серија „А“, вели дека е најдобриот играч за врска во Европа. Турскиот репрезентативец кој има пазарна вредност од околу 40 милиони евра е убеден дека нема подобар играч од него на позицијата на која настапува. „Како што сум кажал многу пати, токму така се чувствувам. Знам дека напредувам и растам“ – изјави Чалханоглу.
Директорот на фудбалскиот состав Аталанта, Лука Пекарси, вели дека ќе се разгледа секоја понуда што ќе пристигне за Копмајнерс кој имаше одлична сезона во екипата од Бергамо. Медиумите во Италија денеска наведуваат дека Јувентус сака да го ангажира Холанѓанецот како замена за Џорџо Скалвини кој има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и ќе биде на опоравување минимум шест месеци. Копемајнерс кој со тимот ја освои Лига Европа, на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.
Првите луѓе на Астон Вила размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис, велат последните информации од Англија. Тимот од Бирмингем во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите и затоа планира да направи промени во ростерот. Прв на листата е 28-годишниот Холанѓанец кој има договор до 2025 година.
