Author: dino

Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити  покрена тужба против Премиер лигата поради правилата поврзани со спонзорски договори. „Граѓаните“  кои се предмет на истрага поради 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј, сега ќе бидат дел од нов судски процес по нивна иницијатива. Сити проценил дека Премиер лигата не треба да ги ограничува договорите туку спонзорите сами треба да одлучат колку ќе инвестираат во некој клуб. Ограничувањата започнаа во 2021 година откако во екипата на Њукасл влезе голем капитал од Саудиска Арабија.

Read More

Карлос Алосен е блиску до преселба во Гран Канарија. Шпанскиот кошаркар (23 години, 194 см) дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид. Тој помина четири години кај „белите“. Дефанзивецот во сезонава учествуваше во 18 натпревари во домашната лига со просек од 3,1 кош и 1,8 асистенции. Алосен во Евро-лигата ретко добиваше шанса.

Read More
NBA

Кошаркарот, Кајри Ирвинг, не крие дека е презадоволен како се одвиваат работите во неговиот клуб во НБА лигата. „Најдобриот дел од мојата кариера се случува во Далас. Имам можност да зборувам од искуство. Кога си млад, премногу брзаш низ животот “ – вели 32-годишниот играч кој втора сезона настапува за Маверикс. Тој има титула со Кливленд а играше и за Бостон и Њујорк. Далас набрзо ќе го стартува финалето во НБА против Бостон.

Read More

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Дејвид Бекам, се осврна на трансферот на Килијан Мбапе во редовите на шпанскиот гигант. „Тој е одличен фудбалер и личност. Тој се приклучи на голем клуб. Преселбата на Мбапе во Шпанија е посебен момент не само за Реал Мадрид, туку и за Ла Лига“ – изјави Бекам.  25-годишниот француски фудбалер дојде на „Сантијаго Бернабе“ како слободен играч.

Read More

Ракометарите на Вардар на 4 јуни во 2017 година за првпат во клупската историја станаа европски шампиони. Тогаш „црвено-црните“ прво ја елиминираа фаворизираната Барселона а потоа во финалето го совладаа ПСЖ со 24-23 со голот во последната секунда на хрватскиот интернационалец, Иван Чупиќ. Вардарци две години подоцна успеаја по втор пат да ја покорат Европа.

Read More

Јувентус нема да му плати обештетување на Масимилијано Алегри кој заработи отказ на 17 мај. Двете страни направиле договор и спогодбено ја прекинале соработката. – Сакаме да му се заблагодариме на Алегри за сите успеси постигнати во текот на годините. Му пожелуваме се најдобро во неговите наредни активности“, стои во објавата на  „старата дама“ на социјалните мрежи. Алегри во 2021 година по втор пат се активираше во екипата од Торино.

Read More

Антонио Конте доколку седне на клупата на Наполи, ќе се обиде да го ангажира напаѓачот, Ромелу Лукаку. Двајцата одлично се познаваат бидејќи соработуваа во екипата на Интер. Корпулентниот голгетер последната сезона ја помина во Рома како позајмен од Челзи. Белгиецот во Серија „А“, постигна 13 голови и направи две асистенции. Тој треба да биде евентуална замена за Виктор Осимен кој е на излезната врата од стадионот – „Диего Армандо Марадона“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот состав може да биде пред Манчестер Сити и да ја освои најсилната фудбалска лига во Англија. „Мораме да ги надминеме. Има детали кои не ги контролиравме. Затоа останавме без пехарот“ – вели Шпанецот. „Ако се гледа метриката, имаме добри остварувања. Ќе треба извесен период да бидеме подобри од нив“ – потенцираше менаџерот на „топчиите“.

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав Челзи му забранија на Енцо Фернандез, да настапи за селекцијата на Аргентина на претстојната Олимпијада во Париз. 23-годишниот играч од средниот ред иако имаше желба да игра во Франција, не се најде на списокот на повикани бидејќи доби забрана од неговиот клуб. Фернандез во последната сезона имаше 40 средби за „сините“ на кои постигна седум голови и направи три асистенции.

Read More

Рој Џонс Јуниор сака да влезе во рингот за да го замени Мајк Тајсон во борбата со Џејк Пол. „Железниот“ Мајк требаше да се соочи со Пол на 20 јули но, 57-годишниот поранешен шампион во тешка категорија беше принуден да се повлече поради здравствени проблеми. Џонс, кој се бореше со Тајсон во егзибиционен меч во 2020 година последен пат се бореше како професионалец во изминатата година против Ентони Петтис

Read More