Author: dino

Челниците на фудбалскиот состав Рома нема да му понудат перманентен договор на Сердар Азмун, велат последните информации од Италија. Тоа значи фудбалерот на Баер Леверкузен кој играше како позајмен во редовите на „волчицата“, ќе мора да се врати во Германија. Иранскиот репрезентативец сезоната ја финишираше со 29 средби во сите конкуренции. Тој даде три гола и направи четири асистенции.

Read More

Мануел Угарте кој ја заврши сезоната со 37 настапи во дресот на ПСЖ, влегува во радарот на Атлетико Мадрид, најавија дел од медиумите. Фудбалерот кој во изминатото лето беше купен од Спортинг Лисабон има договор до 2028 година. Бидејќи не е редовен стартер кај „светците“, тимот од Пиринеите ќе се обиде да го ангажира како позајмен играч за наредната сезона.   23-годишниот фудбалер може одлично да игра на неколку позиции иако по дефиниција дејствува во дефанзивата.

Read More
NBA

Kошаркарот, Двајт Хауард, откако не успеа да обезбеди место во тим од НБА конкуренцијата, се определи да ја продолжи кариерата во Тајван. Центарот ќе игра за тајванските мустанзи. Тој претходно беше дел од Тајун леопардс во 2022 година и одлично ги познава условите во Тајван. 38-годишниот центар ќе дебитира за новиот клуб на 1 јули. Хауард во НБА има играно за Орландо, Лос Анџелес Лејкерси, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија.

Read More

Фудбалерот на Олимпијакос, Ајуб Ел Кааби, кој го постигна решавачкиот гол за победа против Фиорентина во вчерашното финале во Конференциската Лига постави рекорд по бројот на голови во плеј-офот на европските купови. Тој на девет средби успеа да дојде до бројката од 11 голови. Веднаш до него е Португалецот, Кристијано Роналдо, кој има 10 голови во плејофот на Лигата на шампионите во 2017 година и Французинот, Карим Бензема кој таквиот ефект го направи во 2022 година. Колумбиецот, Радамел Фалкао, во 2011 година успеа во Лига Европа да дојде до 10 погодоци.

Read More

Одличните настапи на Педри во дресот на Барселона, му донесоа на неговиот претходен состав Лас Палмас околу 18 милиони евра во вид на различни бонуси. Каталонците кои во 2019 година го купија 21- годишниот играч од средниот ред за 5 милиони, во последните 5 години мораа да ги исполнат условите и да му исплатат одредена сума на Лас Палмас. Така, вкупната за трансферот достигна  23 милиони. Медиумите наведуваат дека евентуален трансфер на Педри во друг состав, ќе му донесе на Лас Палмас нови 15 проценти од сумата што ќе биде платена.

Read More

Луѓето од Астон Вила водат интензивни преговори со претставниците на фудбалерот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи. 25-годишниот играч откако го загуби првотимскиот статус, сака да ја промени средината. Французинот во последната сезона во Калчото одигра 33 средби со ефект од два гола и три асистенции. Неговата трансферна сума е околу 20-25 милиони евра, наведуваат медиумите во Англија.

Read More

Македонската ракометната репрезентација ќе игра против Унгарија, Гвинеја и Холандија во рамките на групата „Д“ на Светското првенство догодина во Хрватска, Норвешка и Данска. Ждрепката сакаше избраниците на Кире Лазаров во првата фаза да настапуваат во хрватскиот град Вараждин. Еве ги другите групи.А-Германија, Швајцарија, Полска, ЧешкаБ-Данска, Тунис, Алжир, ИталијаЦ-Австрија, Кувајт, Катар, ФранцијаЕ-Норвешка, САД, Бразил, ПортугалијаФ-Шведска, Чиле, Јапонија, ШпанијаГ-Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски островиХ-Хрватска, Бахреин, Аргентина, Египет Ракометниот Мундијал ќе биде реализиран догодина од 4 јануари до 2 февруари.

Read More

Тренерот во фудбалската Академија при ФФМ , Неџат Шабани, кој работи со генерацијата  во  У 14, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „Наша главна цел е да ги подготвиме младите фудбалери за наредните предизвици и тоа што ги чека во повозрасните категории. Работиме според програмата и под надзор на УЕФА. Се обидуваме од мали нозе да ги научиме на дисциплина, ред, тактичка поставеност и пред да бидат се психолошки силни“ – вели Шабани. „Морам да потенцирам дека на пријателските мечеви со Турција и Словенија бев презадоволен од прикажаното. Од тие четири средби требаше минимум на две…

Read More

Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, вели дека ќе му даде максимална поддршка на новиот тренер, Арне Слот, кој ќе дојде на местото на Јирген Клоп. „Јас сум капитен на клубот и јасно кажав дека ќе го поддржувам новиот тренер.„Мислам дека може да има добро влијание на мојата кариера“ – вели Ван Дајк. Слот ќе се пресели во Англија откако го заврши престојот во екипата на Феенорд. Тој во претходната сезона се израдува на шампионскиот пехар во Холандија.

Read More

Екипата на Баер Леверкузен која во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, сака да го ангажира фудбалерот на Џирона, Гарсија. 26-годишниот играч од средниот ред настапува за шпанскиот состав од 2021 година. Тој сезоната ја заврши со 40 мечеви на кои даде три гола и направи шест асистенции.

Read More