Германските медиуми објавија дека фудбалерот, Џошуа Кимих, нема да замине во екипата на Барселона. Причина за тоа се финансиските услови што ги побарал 29-годишниот Германец кои не може да ги исполнат Каталонците. Кимих игра за Баерн Минхен од 2015 година. Неговиот договор е до наредното лето.
Author: dino
Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун, кој беше прогласен за МВП во финалето на Источната конференција на НБА лигата, вели дека не очекувал такво нешто. „Не очекував да станам МВП. Никогаш не освоив проклето нешто… Само ми беше мило што успеавме да победиме“ – вели Браун. „ Сакам да и оддадам признание на Индијана. Се бореа, не беше лесно. Тие се достоен противник“ – вели играчот на Бостон.
Шарл Леклер влезе во историјата на Формула 1 како првиот возач од Монако што победил на трката за Големата награда на Монте Карло. Возачот на Ферари успеа да ја добие битката со Оскар Пјатри од Мекларен и Шпанецот, Карлос Саинц, кој ја потврди доминацијата на „црвеното коњче“. Трката која не донесе атрактивност беше прекината по инцидентот на стартот кога Серхио Перез, Кевин Магнусен и Нико Хилкенберг мораа да се повлечат од патеката. На крајот бодови уште освоија: Норис, Расел, Верстапен, Хамилтон, Цунода, Албон и Гасли. Верстапен е лидер со 169 бодови пред Леклер со 138 и Норис кој има 113.…
Фудбалерите на Вардар обезбедија опстанок во прволигашкото друштво откако во баражот во Струмица го совладаа составот на Детонит со 2 спрема 0. Мечот беше решен во првиот дел кога во финишот погодија Ѓуриќ и Сушњара. Во второто полувреме „црвено-црните“ драстично го намалија темпото но, противникот немаше сили да дојде до поволен резултат. Натпреварот одигран на стадионот – „Благој Истатов“ помина во одлична атмосфера што ја направија популарните – „Комити“.
Македонските одбојкари денеска загубија од домаќинот Белгија по голема борба со 3:2 по сетови (25:22, 22:25, 25:17, 24:26, 17:15). Во арената во Беверен противникот двапати водеше а ние израмнувавме и се изборивме за петтиот сет. Во него иако имавме предност, не успеавме да го избегнеме третиот пораз во лигата. Најдобар играч беше Никола Ѓоргиев со 28 поени додека Савовски застана на 10. Регерс во победничкиот тим беше незапирлив со 31 поен. Македонија во наредниот викенд ја очекува турнирот во Хрватска. Таму покрај со домаќинот ќе играме и со селекцијата на Шпанија.
Шпанскиот возач, Марк Маркез, не крие дека е презадоволен со освоеното трето место на Гран При трката во Каталуња. Шесткратниот шампион кој стартуваше од 14-то место, вели дека максимално ризикувал со меката задна гума. „ Ја избрав меката задна гума, знаев дека ќе биде ризично, но тоа беше единствената можност да нападнам уште од самиот почеток“ – вели Маркез. „Немав среќа бидејќи имав лош старт но, знаев дека трката е долга и чекор по чекор, сепак успеав да ја одбранам позицијата“ – изјави возачот на Гресини.
Рич Пол ја потврди намерата на кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, да влезе на пазарот за слободни агенти. „ Јас треба да се концентрирам на неговите интереси. Нема потреба да промовирате некого конкретно. Тој го заслужи правото да влијае на изборот “ – вели Пол. „Тоа го правиме секоја година. Ќе ја анализираме ситуацијата и ќе ја донесеме најдобрата одлука“ – рече агентот.
Екипата на Милано се обидува да го ангажира Леандро Болмаро. 23-годишниот аргентински поентер засега го носи дресот на германскиот Баерн но, има можност да замине. Тој во последната сезона имаше просек од 8,4 поени, 2,8 скока и 3,4 асистенции по натпревар во Евро-лигата. Според најавите, италијанскито состав му нуди на Болмаро четиригодишен договор со плата од 1,1 милион евра.
Лондонски Челзи има намера да преговара со тренерот на Барселона, Чави, кој ќе го напушти каталонскиот клуб на крајот од тековната сезона. Претходно во медиумите се појавија информации дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, одлучил да го отпушти Чави по јавната изјава за сложеноста на финансиската состојба. Челзи пак на крајот на сезоната откако го освои шестото место во Премиер-лигата, одлучи да ја прекине соработката со Маурисио Покетино.
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, најави дека за неколку дена ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата. „Сè има свое време. Набрзо ќе го објавам мојот следен клуб. Остануваат само уште неколку дена, така што нема проблем“ – вели Французинот. Во изминатите месеци континуирано се објавуваше дека брзоногиот играч има договор со Реал Мадрид и дека само се чека крајот на сезоната за тој да замине на Пиринеите.
