Author: dino

Тони Крос ќе се повлече од фудбалот веднаш по Европското првенство што ќе биде реализирано во неговата Германија од 14 јуни до 14 јули. 35 годишниот  играч дојде во Реал Мадрид во 2014 година од Баерн Минхен. Тој во 463 меча даде 28 голови а имаше и 98 асистенции.  Последен меч за „кралевите“ ќе му биде финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1 јуни на легендарниот стадион – „Вембли“. Крос во богата кариера покрај за „белите“ и Баварците, има кратко настапувано и за „милионерите“ од Дортмунд.

Read More

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе си замине од Рајо Валјекано и ќе потпише договор со Валенсија. Тоа го објави експертот за трансфери во европскиот фудбал, Фабрицио Романо. Според него, Димитриевски ќе остане во Примера Дивизион и ќе потпише договор до 2028 година. 30-годишниот голман ја започна кариерата во Работнички а потоа го облече дресот на Гранада. Една сезона беше на позајмица во Кадиз а во 2019 стана дел од Гимнастик. Во екипата на Рајо Валјекано се активираше во 2018 година.

Read More

Фудбалерите на Воска и Тиквеш утре ќе го одиграат финалето во Купот на Македонија. Мечот на Арената во Скопје ќе биде историски за двата тима бидејќи прв пат имаат можност да се борат за победничкиот пехар. „Тиквеш има голема традиција но, за првпат стигнува до финалето. Ние сме млад тим и веднаш изборивме историско финале. Тиквеш игра многу добро, но сакаме да го освоиме пехарот“ – беа зборовите на тренерот на Воска, Срѓан Захариевски. „Нема да бидеме скромни, одиме на победа без разлика дали ќе биде по 90 минути игра, по 120 минути или пенали. Воска е противник кој заслужува…

Read More

Паоло Монтеро кој ја има улогата на времен тренер на фудбалерите на Јувентус, се осврна на вчерашното реми кај Болоња (3:3) во меч од 37. коло на италијанската Серија „А“. Неговиот тим во еден период имаше негатива од 3-0. „Според мене, ремито е реален исход. Игравме против еден од најдобрите тимови во моментов“ – вели тренерот на „старата дама“. Монтеро пред само неколку денови ја презеде функцијата откако Масимилијано Алегри заработи отказ.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, практично потврди дека нема намера да ги прифати милионите од Саудиска Арабија и дека ќе им остане верен на „црвените“ . Тој проговори за амбициите во наредната сезона. „Ќе направиме се што можеме да дојдеме до пехарите. Нашите навивачи го заслужуваат тоа“, напиша Салах на социјалните мрежи. Неговиот тим сезоната ја заврши само со трофеј од Карабао купот.

Read More

Екипата на Тотенхем најави дека ќе биде активна во летниот трансфер период бидејќи не ги прекршува правилата на финансискиот фер-плеј. Тренерот, Анже Постекоглу, има намера да купи најмалку тројца фудбалери на различни позиции. Според најавите, прва трансферна цел е напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. „Спарси“ претходно покажаа дека се заинтересирани и за играчот на Челзи, Конор Галагер.  Тотенхем во наредната сезона ќе биде дел од Лигата на Европа.

Read More

Кливленд во текот на летото ќе му понуди максимален договор на кошаркарот, Еван Мобли. Во исто време, се очекува да продолжат и преговорите со Донован Мичел. Доколку двајцата прифатат да останат, тогаш центарот, Џерет Ален, ќе оди на трансфер-листата. 22-годишниот, Мобли, одигра 50 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, со просек од 15,7 поени, 9,4 скока и 3,2 асистенции по натпревар.

Read More
NBA

Челниците на Њујорк ќе се обидат да издејствуваат трејд на големата ѕвезда на НБА, Девин Букер. Тие планираат да се откажат од правото на избор на драфтот како и од другите привилегии само за да ја остварат целат. Претходно беше објавено дека Никси се  подготвени да „понудат речиси сè за да го добија Девин Букер. Кошаркарот на Феникс кој имаше одлична сезона, не успеа со „сонцата“ да го помине првото коло во плеј-офот. Неговиот тим беше елиминиран од Минесота со убедливи 4-0.

Read More

Грузиската фудбалска репрезентација ќе добие бонус од 1 милион долари за пласман во финалната фаза на Европското во Германија. Тоа го потврди грузискиот премиер, Иракли Кобиџе. Грузиските фудбалери направија историски успех откако во баражот ја елиминираа селекцијата на Грција и за прв пат во историјата стигнаа до последната фаза на голем интернационалец турнир. Грузија на континенталниот собир ќе биде во групата со Турција, Португалија и Чешка.

Read More

Францускиот фудбалски интернационалец, Карим Бензема, сака да го напушти тимот на Ал Итихад, бидејќи не е задоволен од животот во Саудиска Арабија. Напаѓачот тоа им го открил на неговите пријатели додека бил на лекување во неговата татковина. Бензема има договор до 2026 година и прашање е дали ќе го одработи. 36-годишниот фудбалер кој во летото во 2023 година го напушти Реал Мадрид, има трансферна вредност од 15 милиони евра.  

Read More