Директорот на Формула 1 тимот на Вилијамс, Џејмс Волс, им потврди на медиумите пред Големата награда на Емилија-Ромања дека британскиот тим размислува за тројца возачи како можни тимски колеги за Алекс Албон. „Моментално гледам три опции за 2025 и 2026 година. Кога ќе бидам во позиција да зборувам повеќе, ќе го направам тоа“, изјави Волс. Албон пак, откри дека пред да дојде во Вилијамс имал понуди од други екипи.
Author: dino
Џан Пјеро Гасперини е главен претендент за клупата на фудбалскиот состав Наполи. Тренерот на Аталанта има договор до 2025 година но, може да прифати да ја промени средината. Наполи е заинтересиран и за Антонио Конте како и за Винченцо од Фиорентина. Претседателот на Наполи, Де Лаурентис, неодамна изјави дека сака да го ангажира Стефано Пиоли кој на крајот на сезоната ќе си замине од Милан.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ќе инсистира кај челниците на тимот да го ангажираат напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, велат последните информации од Англија. Иако „топчиите“ беа заинтересирани за Иван Тони од Брентфорд, сега ќе имаат друга трансферна цел во текот на летото. Шешко беше поврзуван и со Челзи, Манчестер Јунајтед и Милан. Сепак, Арсенал е најблиску до неговиот потпис.
Екипата на Интер ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, велат последните информации од Италија. 34-годишниот ветеран треба да биде замена за Де Вриј кој најверојатно ќе си замине во текот на летото. Начо кој е производ на школата на „кралевите“ има 5 пехари во Лигата на шампионите и четири во Примера.
Денеска стартува така наречениот Ф4 завршен турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Програмата од 17.00 часот во СЦ Борис Трајковски ќе ја отворат ракометарките на Ѓорче Петров и Куманово додека од 19.30, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со Тиквеш. Утре во истите термини прво ќе играат Вардар и Чаир (жени) а потоа Вардар против Алкалоид (мажи). Финалните средби ќе бидат в недела. Ракометарките ќе истрчаат од 16.00 часот додека мажите ќе се борат за пехарот од 19.00.
Првиот човек на фудбалскиот состав Челзи, Тод Боли, вели дека има долгорочни планови и дека секогаш е потребно време за да се направат добри резултати. „Трпението отсекогаш било наш принцип. Така ќе биде и со Челзи. Треба да имате одлучност да ја игнорирате целата врева околу вас и да останете верни на планот“ – вели Боли. „Кога ќе погледнете што се случува сега, има чувство дека е се подобро и подобро“ – нагласи претседателот на „сините“ од Лондон.
Кошаркарите на Бостон го совладаа Кливлен со 113:98 и се промовираа како првите финалисти на Истокот во НБА лигата. Во петтиот полуфинален натпревар одигран во ноќта зад нас, Џејсон Тејтум постигна 25 поени а Хорфорд додаде 22 . Бостон во конференциското финале ќе игра против победникот од серијата меѓу Њујорк и Индијана. Екипата на Далас предводена од феноменалниот Лука Дончиќ, ја дели само една победа од конференциското финале на Западот. Далас рано изутрината славеше против Оклахома со 104:92 и поведе со 3-2. Дончиќ имаше 31 поен, 10 скока и 11 асистенции.
Весникот – „Гардијан“, тврди, дека шансите на Ерик тен Хаг да остане во Манчестер Јунајтед се 50:50. Во текстот се наведува дека челниците на тимот ќе ја донесат одлуката по финалето во ФА Купот со Манчестер Сити кое ќе биде одиграно на 25 мај. Доколку „црвените ѓаволи“ го победат градскиот ривал, тоа ќе му помогне на Тен Хаг да ја задржи позицијата. Холандскиот тренер има уште година од договорот.
Фудбалерите на Брест направија историски успех откако се пласираа во квалификациите за Лигата на шампионите за наредната сезона. Францускиот состав за прв пат ќе игра во едно натпревување под капата на УЕФА. Тимот ќе учествува најмалку во третото квалификациско коло на турнирот. Избраниците на Ерик Рој обезбедија пласман меѓу најдобрите четир во францускиот шампионат без разлика што ќе направат во последното коло. Тие дури имаат шанса да се изборат и за третата позиција на табелата доколку победат во последната рунда а Лил одигра нерешено или загуби.
Кошаркарите на Пелистер вечерва го совладаа Работнички со 88:80 и со 3-1 во победи си обезбедија место во финалето во домашниот шампионат. Мечот со салата – „Боро Чурелвски“ во Битола течеше главно изедначено до последната четвртина во која домаќинот беше поумешен и успеа да дојде до решавачката победа во пресметките со скопјани. Кај Пелистер најпрезицни беа Планиќ со 23 кошеви и Маслинко со 20 додека кај гостите по 18 кошеви реализираа Декоси и Рикиќ. Пелистер во финалето на плеј-офот го очекуваат дуели со бранителот на пехарот, МЗТ Скопје.
