Author: dino

Фудбалерот на Болоња, Џошуа Циркзи, поради повреда на мускулот би можел да го пропушти претстојното Европско првенство во Германија. Холанѓанецот ја заврши сезоната во Серија „А“ со 11 голови и пет асистенции а неговиот тим си обезбеди место во Лигата на шампионите. Според проценките, 22-годишниот фудбалер ќе мора да паузира најмалку 4 недели и веројатно нема да биде дел од селекцијата на „лалињата“ на европскиот собир. Тој нема настап за сениорската репрезентација додека во У21 има постигнато 19 голови.

Read More

Финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе го води Словенецот, Славко Винчиќ. Помошници ќе му бидат Томаш Кланчник, Андраж Ковачич (сите од Словенија), четврти судија – Франсоа Летексие (Франција), резервен судија – Сирил Муние (Франција), ВАР – Нејц Кајтазович (Словенија), ВАР – Раде Обреновиќ ( Словенија), ВАР поддршка – Масимилијано Ирати (Италија). Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се борат за шампионскиот пехар на 1 јуни на легендарниот англиски стадион – „Вембли“ во Лондон. Мечот ќе започне во 21.00 часот.

Read More

Кошаркарката на Вардар, Моника Зафировска, денеска беше гостинка на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. Големата перспектива на мак-баскетот, нагласи, дека „црвено-црните“, максимално се подготвуваат за големото финале во шампионатот кое ќе стартува на 15 мај. Нивниот противник ќе дојде по денешната мајсторка меѓу Баскет Кам и Крива Паланка. „ Заслужено влеговме во битката за титулата. Двата меча со Куманово во полуфиналето беа крајно интересни и драматични. Покажавме поголема желба за победа. Имаме одлична екипа која може секого да победи“ – изјави Зафировска. „Кој и да ни биде противник во финалната серија, ќе се обидеме да го дадеме максимумот. Знаеме…

Read More

Фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацелија, може да замине во ПСЖ откако неговите агенти имале успешни преговори со претставниците на францускиот состав, велат дел од медиумите во Италија. Тој во сезонава има одиграно  42 меча во сите конкуренции со ефект од 10 голови и девет асистенции. Неговиот договор е активен со 2027 година а трансферната сума му е околу 80 милиони евра.

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, повторно се извини за зависноста од спортско обложување откако во октомври беше суспендиран на седум месеци од фудбалот. „Жал ми е за тоа што го направив. Сите ме поддржаа: клубот, тренерот и моите соиграчи. Клубот знае дека ги увидов моите грешки“ – вели фудбалерот на „старата дама“. „Заработувам добри пари и многу се коцкам“ –  додаде играчот од средниот ред на настанот на кој беше и д-р Лусијана Монте која се грижи за рехабилитација на Фаџоли.

Read More

Манчестер Јунајтед одлучи за приоритетните кандидати кои ќе го заменат тренерот на тимот, Ерик Тен Хаг. Новинарот, Дејвид Мекдонел, објави на социјалните мрежи дека во моментов главни претенденти за функцијата се Герет Саутгејт и Томас Тухел. Тен Хаг во летото во 2022 година го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“. Тој го водеше тимот на 110 натпревари на сите турнири. Има 65 победи, 15 нерешени и 30-ет порази.

Read More

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, проговори за односот кон голманите во модерниот фудбал.   „Голманите деновиве се ценат малку повеќе. Морам да правам одбрани, бидејќи тие носат титули“, изјави Мартинез. Аргентинецот во 2022 година стана светски шампион на Мундијалот во Катар. Токму неговите одбрани во пенал-рулетот и им ја донесоа титулата на „гаучосите“.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џејсон Тејтум, не се согласува со тврдењата дека Бостон има супер тим за американски услови. „Идејата дека имаме супер тим… Не добивме награда за тренер на годината, немаме МВП во тимот, само две лица отидоа на Ол-стар натпреварот. Велат дека имаме супер тим но, тоа не изгледа така“ – изјави предводникот на Селтик. Неговиот тим беше супериорен во првиот дел од сезоната во НБА лигата со 64 победи и 18 порази.

Read More
NBA

Лука Дончиќ призна дека вториот натпревар против Оклахома не му бил лесен. Кошаркарот на Далас играше со истегнување на десното колено а болката беше видлива на неговото лице. „Еден од најтешките натпревари за мене во целата моја кариера. Не е лесно но, се обидувам да направам се што можам за да му помогнам на тимот да победи“ – изјави Дончиќ. Тој досега има во просек на натпревар по 29 поени, 10 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки.

Read More

Британскиот тениски клуб – „All England Lawn Tennis Club“ предлага дополнителен парк за јавна употреба во обид да добие одобрение за проширување . Предлогот за дополнителни четири хектари паркинг значи дека домаќинот на Грен слем тенискиот турнир –„Вимблдон“ планира да стави на располагање на јавноста околу 27 хектари. „Нашите планови за трансформација на поранешниот терен за голф ќе донесат една од најголемите спортски промени за Лондон гледано од Олимпијадата во 2012 година “ – рече претседателката на „All England“, Деби Џеванс.

Read More