Author: dino

Фудбалерите на Астон Вила вчера загубија на теренот на Олимпијакос со 2:0 и го завршија настапот во 1/2-финалето на Конференциската лига. Нивниот тренер, Унаи Емери, вели дека тимот научил многу со настапите во меѓународната конкуренција и дека тоа ќе треба да му помогне во иднина за подобри резултати.   „Олимпијакос заслужи да биде во финалето. Ова е искуство за нас по долго отсуство од европските турнири“, изјави Емери.

Read More

Македонската каратистка Михаела Мишовска на вториот ден од Европското карате првенство за сениори кое се одржува во Задар, Хрватска, по четири извонредни мечеви се пласираше во финалето во борби во категоријата до 50 килограми. Во првиот меч против репрезентативката на Италија, Петфето Ерминија, Михаела победи по резултат 7:7 со постигнато водство со СЕНШУ (прв освоен поен). Втората победа ја избори над репрезентативката на Грузија, Васаде Мариами, со резултат од 5:4. Во третиот меч славеше против Амос Корал од Израел со судиско изјаснување по резултат 2:2. За влез во финалето Михаела славеше убедлива победа над Тзилиа Елени од Грција со 4:1.…

Read More

Четвртиот – „Триоги триатлон 2024“ ќе се одржи на 19 мај во Скопје. По тој повод денеска гостин со студиото на Спортско радио 90,3 ФМ беше  првиот човек на Триатлон федерацијата, Иван Михајловски. „Не чека значаен настан на кој ќе се појават 300 учесници од кои речиси половината се од други земји. Натпреварувањето ќе биде во неколку возрасни категории.  Благодарност до сите релевантини фактори што ни излегоа в пресрет во поглед на организацијата. Нашата тенденција е да привлечеме што поголем број на млади личности во триатлонот“ – потенцираше Михајловски во дел од интервјуто за Спортско Радио 90,3 ФМ. Стартот и…

Read More

Екипата на Астон Вила е заинтересирана за играчот од средниот ред на Кристал Палас, Maјк Олисе. За потписот на 22-годишниот Французин ќе конкурират и Манчестер Јунајтед и Арсенал. Тој во сезонава одигра 17 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 9 голови и имаше 4 асистенции. Се претпоставува дека Кристал Палас зе неговиот потпис ќе бара најмалку 50 милиони евра.

Read More

Тод Ворник го коментираше судењето на натпреварот Панатинаикос – Макаби во рамките на плеј-офот во кошаркарската Евро-лига. Грчките кошаркари успеаја да дојдат до победа и со вкупни 3-2 да влезет на завршниот фајнал-фор турнир. Израелецот кој е поранешен судија со знакот на ФИБА, не е задоволен како реагирале судиите во одредени моменти. „Имаше десетина погрешни судиски одлуки во играта. Тоа е нормална бројка. Мислам дека поголемиот дел од нив беа на штета на Макаби“ – изјави Ворник.

Read More
NBA

Кошаркарот, Ти Џеј Мекконел, вели дека неговиот тим не смее да реагира на судењето иако тренерот Рик побара еднаков третман за екипите. „Ја сакаме енергијата на Рик но, негова позиција не кореспондира со реакцијата во нашата соблекувална. Нема да се откажеме и да се жалиме на судиите“ – рече кошаркарот на Индијана по поразот од Њујорк во разигрувањето за титулата во НБА лигата. Мекконел на тој меч имаше 10 поени, 4 скока и 12 асистенции.

Read More

Еден од најсилните тенисери во светот, Стефанос Циципас, вели дека неговата мајка го научила на дисциплина, напорна работа и почит кон секој противник. „Отсекогаш сум бил многу воздржана личност, не го покажував тоа што го чувствувам. Никогаш не сум имал многу пријатели“ – вели грчкиот тенисер. „Таа ме направи ментално посилна личност и веројатно посилен спортист. Тоа воспитување ми овозможи да станам позрела личност“ – нагласи Циципас.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс, може да ја продолжи кариерата преку „големата бара“ во првенството на Соединетите Американски Држави, тврдат дел од медиумите. Според нив, екипата на Сент Луис Сити сака да го ангажира 34-годишниот Германец кој во текот на летото ќе си замине од Борусија Дортмунд. Тој на 39 сезонски натпревари постигна 8 голови и направи 9 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, не ги криеше емоциите по вчерашната победа против Баерн Минхен и обезбедениот пласман во финалето во Лигата на шампионите. „Тоа беше неверојатен меч. Уште од дете сум сонувал за такво нешто. Сега ми се исполни. Покажавме карактер и желба за победа“ – вели Англичанецот. „Моето прво финале ќе биде во Англија, против Дортмунд. Ќе биде убаво да се видат дел од старите пријатели“ – потенцираше Белингем кој претходно играше за „милионерите“ од  Германија.

Read More

Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро Костакурта, проговори околу новиот тренер на Милан. Познато е дека Стефано Пиоли на крајот на сезоната ќе си замине и ќе седне на клупата на Наполи. „Консеисао е одличен тренер, мислам дека е некој што може да биде долго во Милан. Живеам во Милано, запознавам многу и тие сакаат да сонуваат“ – вели Костакурта. „Може да имате ѕвезди во тимот но, мора да имате и вистински тренер“ – рече поранешниот играч на „росонерите“.

Read More