Ветеранот во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер, вели дека со големо нетрпение очекува да го види новиот стадион – „Сантијаго Бернабе“. Неговиот тим утре ќе му гостува на Реал Мадрид во реванш-мечот во 1/2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Првиот дуел во Германија заврши нерешено 2:2. „Не e случајно што Реал Мадрид во последниве години постојано се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ефикасноста е исклучително важна во фудбалот“ – вели Милер.
Author: dino
Фудбалерите на Реал Мадрид утре на домашен терен ќе го одиграат реваншот со Баерн Минхен во полу-финалето во Лигата на шампионите. Еден од најдобрите играчи од средниот ред на – „белите“, Џуд Белингем, кажа што мисли за тренерот, Карло Анчелоти. „Мојата нова позиција е идеална за мене и ми овозможува поголема слобода. Сите заслуги одат на тренерот бидејќи не е лесно да се дојде до таква одлука. Очекувам добра игра против Баерн Минхен“ – вели Белингем. Првата средба во Германија заврши 2:2.
Лоренс Френк ги претстави плановите на Лос Анџелес Клиперс за клучните играчи Пол Џорџ и Џејмс Харден кои би можеле да си заминат како слободни кошаркари. „Би сакале да ги задржиме Пол Џорџ и Џејмс Харден. Се надеваме дека можеме да го направиме тоа. Пол и Џејмс ќе треба да донесат одлука“ –вели Френк. „Очекуваме да ги задржиме но, разбираме дека се работи за елитни играчи кои ќе имаат избор“ – изјави претседателот на Клиперс.
Италијанскиот тенисер, Матео Беретини, се врати на терените откако направи подолга пауза од седум месеци поради повреда на стапалото добиена на УС Опен во 2023 година. „Не тренирав многу во последно време но, ќе се обидам да бидам подготвен. Би сакал да бидам во подобра форма“ – вели Беретини. „Тука сум затоа што турнирот се одржува во Рим. Не сум го играл овој Мастерс три години и навистина ми недостига“ – рече Беретини.
Главниот тренер на Кристал Палас, Оливер Гласнер, вели дека неговите фудбалер оствариле заслужена победа против Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата. Лондончани доцна синоќа славеа преубедливо со 4:0. „Честитки за победата на тимот. Не одигравме добро во првото полувреме, сепак, бевме многу ефикасни“ – вели Гласнер. „Во вториот дел ја контролиравме ситуацијата, создадовме многу шанси и постигнавме прекрасни голови“ – вели тренерот на Кристал Палас.
Кошаркарот, Шеј Ларкин, кој игра за Анадолу Ефес од 2018 година, го продолжи догворот со турскиот состав. Тој освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година. Шејн во сезонава има просек од 16,8 поени, 2,8 скока и 5,1 асистенции но, неговиот тим не успеа да стигне до плеј-офот. Турците беа елиминирани од италијанскиот Виртус во фазата на плеј-ин. Во исто време, Анадолу го продолжи договорот и со актуелниот тренер, Томислав Мијатовиќ за две сезони.
8 од 12 кошаркари кои се пријавени за селекцијата на САД за Олимпијадата во Париз, го завршија настапот уште на стартот на плеј-офот во најсилната светска кошаркарска лига. Тоа се: Ентони Дејвис и Леброн Џејмс (Лејкерси), Девин Бакер , Кевин Дурент ( Феникс), Стивен Кари (Голден Стејт), Бам Адебајо (Мајами), Џоел Ембиид (Филаделфија) и Кави Ленард (Клиперс) Во моментов во тек е НБА плеј-офот а од првото коло остана само мајсторката меѓу Орландо Меџик и Кливленд Кавалирс.
Фудбалерот на Фенербахче, Раде Круниќ, би можел да го напушти турскиот состав на крајот на сезоната иако досега не дибил конкретна понуда. Членот на управниот одбор на клубот, Салахатин Баки, ја коментираше информацијата дека за Круниќ е заинтерсиран рускиот Зенит. „Не добивме никакви барања од Зенит за евентуален трансфер на Круниќ. Ниту официјално, ниту неофицијално“ – рече Баки. 30-годишниот играч од средниот ред во сезонава се појави на 32 натпревари на кои постигна една асистенција. Тој има договор до 2025 година.
Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има договор до летото во 2027 година, ќе добие продолжување за уште една сезона и речиси трикратно зголемување на платата. 19-годишниот талент се пресели во Торино во март во 2023 година откако го напушти германскиот Баерн Минех. Тој во сезонава има 35 натпревари со ефект од 5 голови и две асистенции. Иако за Јилдиз беше заинтересиран тимот на Борусија Дортмунд, италијанците ја одбија понудата.
Германскиот фудбалски состав Баерн Минхен откако не успеа да се договори со тренерот на Брајтон, Де Зерби, ќе се насочи кон тројца кандидати. Тоа се Хулен Лопетеги кој е без клуб, Роџер Шмит, кој седи на клупата на Бенфика и помалку можеби изненадувачки кох Ерик Тен Хаг од Манчестер Јунајтед. Тоа го објави новинарот Кристијан Фалк на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Германскиот тренер, Томас Тухел, кој е моментално на чело на Баварците, на крајот на сезоната ќе си замине од Минех.
