Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, може да го напушти клубот како слободен играч, велат последните информации од фудбалска Италија. Иако неговиот агент за трансфери се обидува да издејствува продолжување на договорот, 26-годишниот Србин, веројатно ќе мора да бара нов клуб. Фудбалерот од средниот ред во тековмнава сезонава одигра 28 натпревари на кои постигна 9 голови.
Author: dino
Доцна вечер ќе се одигра одложениот натпревар од 26. коло на Премиер лигата меѓу Челзи и Тотенхем. Лондонските екипи ќе играат на стадионот „Стемфорд Бриџ“ а главен судија ќе биде Роберт Џонс. Домаќинот ќе ги нема: Весли Фофана, Ромео Лавија, Рис Џејмс, Кристофер Нкунку, Леви Колвил, Лесли Угочукву и Бен Чилвел. Енцо Фернандез и Рахим Стерлинг започнаа со тренинзи но, не се знае дали ќе се појават денеска. Тотенхем исто така има многу имиња во амбулантата: Фрејзер Форстер, Дестини Удоџи, Оливер Скип, Рајан Сесењон и Манор Соломон.
Се зголемува бројот на фудбалски личности што имаат негативни коментари за ВАР системот откако речиси во континуитет, сме сведоци на нелогични одлуки на судиите по насока од ВАР собата. Меѓу последните што реагираат во целата ситуација е менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, кој изјави дека си ВАР не може да се отстрани во Англија и покрај серијата на критики. „Не ми се допаѓа, ја менува играта. Се надевам, дека ќе го најдат вистинскиот начин да го направат тоа да функционира“ – потенцираше меѓу другото тренерот на „спарси“.
Кошаркарите на Панатинаикос денеска ќе му гостуваат на Макаби Тел Авив во новиот меч од разигрувањето во Евро-лигата. Натпреварот ќе биде одигран во салата во Белград, поради воената ситуација во која е вклучен Израел. Тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман, е уверен дека неговиот состав ќе го израмни резултатот во серијата со Макаби . „Секој тим во плеј-офот, освен Реал Мадрид, е под притисок. Се надевам дека ќе одиграме многу подобро. Верувам дека ќе го добиеме четвртиот меч“ – изјави Атаман.
Генералниот директор на Феникс, Џејмс Џонс, по елиминацијата од екипата на Минесота во првото коло во плеј-офот, се осврна на сезоната во НБА лигата. „Играчите добро си ја завршија работата но, не доволно за да ги оствариме нашите цели. Соочени сме со недостаток на организација“ – вели Џонс. „Ги користиме сите можности за да го изградиме нашиот состав. Важно е да се потсетиме дека имаме шест, седум, осум навистина одлични кошаркари во нашата ротација“ – потенцира Џонс.
Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, се осврна на вчерашниот пораз од Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид. „Ќе морам да работам напорно ако сакам да одам во Рим без да размислувам за подлактицата. Тоа е бавен процес. Морам да бидам трпелив“ – вели Алкараз. „Тешко е да се игра со Рубљов кога не можете да го извлечете најдоброто. Неговиот сервис беше неверојатен“ – потенцираше Шпанецот.
Легендарниот фудбалер на Италија, Алесандро Дел Пиеро, верува дека Џејдон Санчо треба да се врати во Манчестер Јунајтед. Поранешниот репрезентативец на „Аѕурите“ не крие дека бил импресиониран од настапот на Англичанецот на мечот со ПСЖ во полу-финалето на Лигата на шампионите. „Ако покажува таква игра на значајни мечеви, дефинитивно треба да се врати во Манчестер Јунајтед“ – рече Дел Пиеро. Санчо го носи дресот на „милионерите“ како позајмен од редовите на „црвените ѓаволи“.
Тренерот на фудбалерите на Валенсија, Рубен Бараха, се осврна на голот на Левандовски на мечот со Барселона кој беше одигран на „Камп Ноу“ и заврши со победа на Каталонците. „Мислам дека Фермин Лопез беше во активен офсајд, не знам како правилно да го проценам тоа. Сè се случува многу брзо, не разбирам што одлучува судијата. Нешто разговараат и велат дека имало цел“ – вели Бараха. „Фудбалерот на Барселона направи движење како да сака да стигне до топката. Некогаш на еден стадион е офсајд, на друг не“ – изјави главниот тренер на Валенсија
Ентони Тејлор, ќе биде на центарот на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу Борусија (Дортмунд) и Пари Сен Жермен, соопшти УЕФА. Целиот судиски дел ќе биде од Англија. Помошници ќе бидат Гери Бесвик и Адам Нан додека во ВАР собата ќе бидат Стјуарт Атвел и Дејвид Кут. Францускиот првак под арбитража на Тејлор има пет успеси, едно реми и еден пораз. Борусија Дортмунд нема многу среќа кога на теренот е англискиот судија. Германскиот клуб има само еден успех од 4 натпревари , Утрешниот меч меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид му е доделен на Французинот, Клемент Турпин.
Одбојкарска федерација на Македонија денеска го промовираше новиот селектор, Хари Наковски. Досегашниот кормилар, Јошко Миленковски, ќе остане во репрезентацијата и ќе помага во работењето на стручниот штаб. Македонија набрзо ја очекува настап во Златната европска лига и воедно во квалификациите за ЕП во 2026 година. Во Златната лига ќе имаме шест мечеви додека патот до континеталниот собир ќе го бараме во групата со Грција и Грузија. Македонија ќе се обиде по четврти пат да обезбеди место меѓу најдобрите селекции во Европа.
