Author: dino

Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез беше успешно опериран, објави англискиот елитен состав. Тој имаше проблем со препоните и сега ќе започне период на подолга рехабилитација. Тоа значи дека Аргентинецот ќе го пропушти последниот дел од сезоната. 23-годишниот играч од средниот веројатно ќе биде во аут и за Копа Америка. Турнирот ќе започне на 20 јуни.

Read More

Светската анти-допинг агенција покани независен обвинител да го разгледа случајот со олимпијците од Кина. Станува збор за 23-ца пливачи пред Олимпијадата во Токио во 2021 година. ВАДА ја прифати верзијата на кинеската страна дека трагите од забранетата супстанца биле пронајдени во кујната на хотелот каде што престојувале спортистите. ВАДА по обвинувањата од САД, одлучи да го повика независниот обвинител, Ерик Котиер.

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси загубија од Денвер во третиот меч од серијата со 112:105 и сега имаат голема негатива од 3-0. Статистиката вели дека „езерџиите“ немаат победа против Денвер од 16 декември во 2022 година. Ако се гледаат и мечевите од плеј-офот, серијата на порази е 11. Во историјата на плеј-офот на НБА лигата, ниту еден состав не успеал да анулира негатива од 3-0.

Read More

Рафаел Надал имаше само пофални зборови 16-ет годишниот, Дарвин Бланш, по нивната пресметка на Мастерсот во Мадрид.  Шпанецот откако ја искоментира победата која го однесе во наредната рунда, се насочи и кон играта на Американецот. „Мислам дека играв против тенисер кој има голема иднина. Не сакав да преземам премногу ризици. Мило ми е што продолжив понатаму и му пожелувам се најдобро“, рече Надал. Тој во наредното коло на 27 април ќе игра против  Алекс де Минаур од Австралија.

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала, го издвои  Лионел Меси за најголем во историјата. Тој на прашањето кој е подобар, Аргентинецот или Кристијано Роналдо се определи за Меси. Мусиала во интервјуто за ТВ каналот на Баварците, ги потенцираше според него најдобрите во историјата на фудбалот. „ Тешко ми е да зборувам за играчи што не сум ги гледал. Тука се Пеле, можете да го ставите Марадона, можеби и Герд Милер од Баерн“ – рече играчот од средниот ред на клубот од Минхен.

Read More
NBA

Кошаркарот на Оклахома, Чет Холгрен, по победата против Њу Орлеанс Пеликанс во вториот меч од плеј-офот во НБА лигата, изрази мислење дека наградата МВП во регуларниот дел од сезоната треба да ја добие неговиот соиграч, Шеј Гил-Александер. „Тој е премногу скромен за да го каже тоа но, тој е МВП во моментов. Јас ќе го кажам тоа за него, Тоа е сè што можам“ – рече Холгрен. Александер на вториот меч со Њу Орлeанс постигна 33 поени, имаше три скока и пет асистенции.

Read More

Фудбалерот, Иван Ракитиќ, кој го носеше дресот на Барса пред да замине во Ал Шабаб во Саудиска Арабија, проговори за Нејмар и Меси кои на времето играа заедно на „Kамп Ноу“ „Прво, сакам да кажам дека сум голем фан на Нејмар. Тој е мојот омилен играч. Од друга страна, секако дека Меси е најдобриот во историјата на фудбалот“ – рече Ракитиќ. Хрватскиот фудбалер настапуваше за Барса од 2014 до 2020 година. Одигра 310 натпревари на кои постигна 35 голови и направи 42 асистенции.

Read More

Италијанскиот весник – „Кориере дела сера“, објави изненадувачка вест дека тренерот на Ница, Франческо Фариоли, може да влезе меѓу кандидатие за наследник на Стефано Пиоли на клупата на Милан. Покрај 35-годишниот фудбалски тренер од Италија, на листата се додаваат и Хулен Лопетеги, Паоло Фонсека, Марк ван Бомел и Доменико Тедеско. Ќе потсетиме дека Фариоли со екипата на Ница има одлична сезона и го зазема високото 5-ти место во шампионатот на Франција.

Read More

Екипите на Вардар и Е. Пелистер се избегнаа во полуфиналната рунда од домашниот ракометен Куп. На денешната ждрепка за Ф4 турнирот во Скопје, Вардар во полуфиналето за противник год оби градскиот ривал Алкалоид, додека Е. Пелистер ќе се сретне со екипата на Тиквеш. Во женска конкуренција, во полуфиналето екипата на шампионот Ѓорче Петров за противник ќе го има Куманово, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир. Завршниот турнир од Купот на Македонија во организација на РФМ ќе се одржи во Скопје во салата „Борис Трајковски“ од 17 до 19 мај.

Read More

Ливерпул ја испратил првата понуда до тренерот на фудбалерите на Феенорд, Арне Слот но, истата била веднаш одбиена од челниците на холандскиот фудбалски состав, објавија поголем дел од медиумите во Англија. „Црвените“ интензивно се обидуваат да пронајдат замена за Јирген Клоп, кој на крајот на сезоната ќе си замине од стадионот – „Енфилд“. Според објавите, Ливерпул понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот на Арне Слот. Тој во претходната сезона ја освои шампионската титлуа во земјата на „лалињата“. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Read More