Фудбалерот, Бернардо Силва, е решен да си замине од редовите на Манчестер Сити и да направи трансфер во екипата на Барселона. Португалецот и во претходното лето беше на излезната врата од стадионот – „Етихад“ но, остана уште една сезона. Медиумите сега наведуваат дека луцидниот фудбалер од средниот ред ќе се обиде да издејствува трансфер кај каталонците иако нивната финансиска ситуација е проблематична. Според најавите, за потписот на Силва , наводно, се заинтересирани и уште неколку големи екипи од Европа.
Author: dino
Капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин ќе го напушти Сан Мамес како слободен фудбалер на крајот на сезоната, соопштија од клубот. Договорот на офанзивниот играч за врска нема да биде обновен. Тој во шпанскиот состав помина 15 години во кои има 557 натпревари со 75 гола и 70 асистенции во сите конкуренции. 31-годишниот стопер освои два шпански Суперкупа, како и еден Копа дел Реј токму во тековнава сезона. Тимот од „Сан Мамеш“ на крајот на сезоната ќе му приреди свечено испраќање.
Хозе Луис Хоселу кој игра како позајмен во Реал Мадрид од екипата на Еспањол, во текот на летото ќе ги напушти „кралевите“. Тој има извонредна сезона, постигна 13 гола на 42 натпревари во сите конкуренции и тоа главно како фудбалер кој влегуваше од клупата. За потписот на Хоселу се заинтересирани неколку екипи од од Саудиска Арабија. Се претпоставува дека Еспоњол нема да има ништо против Хоселу да направи трансфер во друг клуб бидејќи „кралевите“ веројатно нема да му го откупат договорот.
Првиот човек на нашата и воедно на Европската традиционална карате федерација, (ЕТКФ), Дејан Недев, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е презадоволен од прикажаното на 36-от Европски шампионат во Скопје. „ Повторно бевме домаќини на голем настан по цели дваесет години. Имаме богато искуство во организацискиот дел . Мислам дека публиката беше презадоволна од прикажаното. Имавме гости од повеќе земји кои се доминантни во традиционалното карате“- изјави Недев. „Мислам дека нашите млади натпреварувачи имаат добра перспектива. Имаме таленти кои треба да се надградуваат. Би сакал да им се заблагодарам на сите за големата поддршка а…
Македонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски, в петок наспецијалниот настан – „ВАКО Про Арена фајт најтс“, ќе се бори против Берк Дузенли од Турција за титулата светски шампион во К1 до 88,6 килограми. „Прв пат мојата земја организира таков спектакл. Максимално сум мотивиран за победа. Долго време ја чекам борбата за да докажам дека сум најдобар. Психички и физички сум максимално подготвен“ –вели Илиоски во денешното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ. „Мојот противник има големо искуство и повеќе професионални борби. Станува збор за агресивен кик-боксер кој речиси излегува со отворен гард. Бидејќи и јас сакам таква борба без тактизирање, очекувам „лавовска“…
Турскиот фудбалер во редовите на Интер, Хакан Чаханоглу, се огласи на социјалните мрежи по вчерашната победа во градското дерби со Милан. „Нероаѕурите“ со трите бода ја освоија и теоретски титулата во Серија „А“. Чаханоглу кој во минатото играше за Милан и беше на удар на фановите, сега искористи шанса да им се реваншира. -Секогаш мирен, секогаш трпелив, секогаш сконцентриран и сега награден – напиша Чаханоглу на профилот на –„Инстаграм“.
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, не крие дека е пресреќен за освоениот пехар во Серија „А“. Неговиот тим вчера го совлада градскиот ривал Милан со 2-1 и на пет кола пред крајот на сезоната и теоретски го обезбеди шампионскиот трон. Тоа ќе биде 20-то Скудето во богатата ризница на „нероаѕурите“. „Победата ја посветувам на целото мое семејство и на моите деца – тие се најубавото нешто што ми го дал животот. Втора шампионска титула и втора ѕвезда со Интер е огромна чест“ – вели напаѓачот на Интер.
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, пред денешниот меч со Арсенал во Премиер-лигата, се осврна на игрите на младиот Николас Џексон. „Тој е нашиот главен напаѓач, единствениот кој е здрав. Тој игра фантастично. Врши неверојатна работа за тимот: трча, постигнува голови, дава асистенции“ – вели Аргентинецот. „ Се бори за клубот и соиграчите и создава шанси. Му треба време да се подобри“ – изјави Покетино за 22-годишниот напаѓач кој даде 10 голови.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не крие дека сака да го ангажира членот на Вулверхемптон, Педро Нето. Португалецот кој игра како крилен напаѓач за премиер-лигашкиот клуб, има стандардно место и во неговата селекцијата. Кариерата ја започна во Брага, која го позајми во италијанскиот Лацио во летото во 2017. По две сезони поминати на „Чизмата“, тој замина во Англија и го облече дресот на „волците“.
Сиксерси се незадоволни од работата на судиите во првите два меча со Њујорк во 1. коло од плеј-офот во кошаркарската НБА лига. По поразот во понеделникот на натпреварот број 2, тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, рече дека судиите го игнорирале неговото барање за тајмаут за време на еден од клучните моменти на натпреварот кога Њујорк украде топка и преку Донте ДиВинченцо погоди решавачка тројка за победа. Во првиот натпревар од серијата, 76-ките имаа 21 лична грешка додека Њујорк имаше само 17 прекршоци.
