Author: dino

Масимилијано Алегри одговори на прашање за неговата иднина во екипата на Јувентус откако се појави шпекулација дека тој летово би можел да ја напушти функцијата. „Ова не е прв пат во овој период да се појавуваат гласини за играчи и тренери, ние треба да се фокусираме.“  – вели Алегри. „Април е, играме во Купот на Италија и можеме да влеземе во топ 4 – одиме кон целта за која работевме“ – нагласи тренерот на Јуве.

Read More

Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала во летниот преоден рок, пишува „Гардијан“. Според изворот, главниот тренер на Сити, Пеп Гвардиола сака да види повеќе офанзивни играчи од средниот ред во тимот. Toj во сезонава има 36 мечеви со ефект од 12 гола и 7 асистенции.

Read More

Арина Сабаленка ги сподели емоциите по натпреварот со нејзината пријателка Пола Бадоса. Во Штутгарт, Шпанката се повлече на 3:3 во решавачкиот сет поради повреда на колкот и заплака. „Сочувствувам со неа и навистина се надевам дека што поскоро ќе се опорави и ќе биде подготвена за Мадрид. Повторно, многу сум благодарна што имам пријателка како Пола“ – вели Сабаленка. „Имам многу силна врска со неа и едноставно не можев да играм. Воопшто не сум среќна што победив на таков начин“ – вели Сабаленка.

Read More

Тимоти Чендлер, го обнови договорот со германскиот Ајнтрахт (Франкфурт) до крајот на сезоната 2024/2025. „Ајнтрахт (Франкфурт) е мојот дом, моето второ семејство. Едвај чекам следната сезона повторно да го носам орелот на градите“, изјави Чендлер. Toj ги помина младинските категории пред да потпише за Нирнберг во 2010 година. По четири сезони, се врати во Ајнтрахт.

Read More

Голманот на Рома, Миле Свилар ја коментираше вчерашната победа против Милан со која неговиот тим го потврди пласманот меѓу најдбрите четири во Лига Европа. „По црвениот картон, на полувремето, Де Роси одржа силен мотивациски говор и завршивме неверојатна работа… Сите дадоа сто проценти, и затоа сме силен тим и вистинско семејство“  изјави голманот на „римската волчица“ за УЕФА. Италијанскиот тим сега го очекуваат два меча сo Баер Леверкузен. Првиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Рим а реваншот ќе биде на 9 мај во Германија.

Read More

Шведска, Унгарија и Турција, ќе и бидат противници на Македонија во групата „А“  на Европското првенство во ракомет за жени кое од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Распоред на натпреарите на Европското првенство во Дебрецин28 ноември: Македонија – Шведска30 ноемвври: Македонија – Турција2 декември: Македонија – Унгарија Групната фаза од Континеталниот собир ќе се игра во градовите Дебрецин, Базел и Инсбурк. Главната рунда ќе биде во Дебрецин и Виена додека Базел (Австрија) ќе биде домаќин и на битките за трофеи.

Read More

Лина Ѓорческа влезе во осминафиналето на силниот ИТФ тениски фјучерс што се игра во Копер (Словенија) за награден фонд до 60.000 долари.. Таа денеска ја совлада шестата носителка, Анка Алексија Тодони од Романија со 2:0 (6-4 и 6-1). Ѓорческа во мечот имаше седум брејка од 11 можности а противничката три од 12. Македонката во наредното коло ја очекува пресметка со Италијанката, Дебора Киеза. Двете одлично се познаваат затоа што во изминатите години се сретнаа на различни турнири.

Read More

Спортскиот директор на нашата тениска федерација, Горан Шевченко, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ се осврна на сите активности од натпреварувачки и организациски аспект во кои се инволвирани нашите претставници. „Гледано од приемот во европската и светската тениска асоцијација во деведесетите години па се до денеска, македонскиот тенис има забележителни резултати. Тенисерки неодмна имаа настап за респект на последниот турнир во БЏК Купот а истото набрзо го очекуваме и од Дејвис Куп селекцијата кај мажите. Имаме одлични млади тенисери кои треба да имаат светла перспектива. Нивните квалитети ги гледаме на различни турнири“ – вели Швеченко кој десет години…

Read More

Првиот човек на Интер, Стивен Жанг, ќе се обиде да обезбеди заем од 400 милиони евра за да покрие долг кон американски фонд во висина од 375 милиони кој мора да се плати до крајот на мај. Компанијата  – „Oaktree“  претходно објави нема намера да дозволи отстапување од крајниот рок што му прави дополнителни проблеми на Интер.  „Нероаѕурите“ сега ќе мораат да пронајдат нови спонзори за да ја решат финансиската ситуација во клубот.

Read More
NBA

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетoкумбо, кој ги пропушти последните три меча од регуларниот дел на сезоната, веројатно ќе биде подготвен за втората фаза во НБА лигата. Двократниот МВП, се опоравува од повредата на левата потколеница а луѓето од тимот се надеваат дека ќе биде подготвен за првото коло од плеј-офот. Милвоки влезе во разигрувањето за титулата откако го освои третото место на Истокот.

Read More