Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетoкумбо, кој ги пропушти последните три меча од регуларниот дел на сезоната, веројатно ќе биде подготвен за втората фаза во НБА лигата.
Двократниот МВП, се опоравува од повредата на левата потколеница а луѓето од тимот се надеваат дека ќе биде подготвен за првото коло од плеј-офот.
Милвоки влезе во разигрувањето за титулата откако го освои третото место на Истокот.