Центарот, Никола Јокиќ, на крајот на регуларниот дел од сезоната во најсилната кошаркарска лига – НБА, успеа да влезе меѓу 10-те најуспешни во четири статистички категории. Јокиќ е втор севкупно по асистенции (708), трет по скокови (978), петти по поени (2085) а осми по украдени топки оваа сезона (108). Денвер во регуларниот дел од сезоната го зазеде второто место на Западот.
Author: dino
Соединетите Американски Држави по неуспехот на Светското првенство во 2023 година, одлучија да ги ангажираат најголемите НБА ѕвезди за претстојните Олимписки игри во Париз. Тимот е брутален. Американците не сакаат повеќе да бидат предмет на потсмев и доаѓаат во моќен состав. Играчите кои ќе го носат дресот на Соединетите Американски Држави се: Леброн Џејмс, Стивен Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембиид, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џру Холидеј, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон. Последниот член на репрезентацијата на САД ќе биде познат во наредниот период.
Тенискиот судија, Антонио Каса, е суспендиран на 7 години и 6 месеци, откако се изјасни за виновен за корупција и прекршоци поврзани со обложувањето, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA). Бразилскиот судија исто така е казнет со 8.000 долари поради прекршување на тениската антикорупциска програма. Дополнително, ќе му биде забрането да суди или да присуствува на кој било тениски настан до 27 јуни во 2031 година.
Поранешниот играч за врска на Ливерпул, Наби Кеита ќе биде казнет од Вердер затоа што во неделата одбил да игра против Баер Леверкузен. Тимот од Бремен гостуваше кај Леверкузен и претрпе тежок пораз од 5:0. Натпреварот ќе остане запаметен по тоа што „фармацевтите“ ја освои првата титула во Бундеслигата и тоа на шест кола до крајот. Кеита потпиша тригодишна соработка со германскиот клуб откако во претходното лето му истече договорот на „Енфилд“.
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, имал идеја да го купи напаѓачот на РБ Лајпциг, Дани Олмо но, се откажал откако се договорил со Французинот, Килијан Мбапе, наведуваат дел од медиумите. Шпанскиот интернационалец кој е проценет на околу 60 милиони евра, веројатно во текот на летото ќе си замине од Бундес-лигата. За неговите услуги, наводно е заинтересиран тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Легендарниот, Икер Касилјас, вели дека ФИФА би можела да ја елиминира Шпанија како домаќин на Мундијалот во 2030 година поради скандалот поврзан со Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), чиј поранешен претседател Луис Рубиалес е обвинет за корупција. – Се плашам дека може да ни биде одземено Светското првенство во 2030 година, ќе видиме!“ – напиша Касиљас, означувајќи го профилот на „RFEF“. Шпанија, Португалија и Мароко треба да бидат домаќини на големиот фудбалски настан кој ќе биде специфичен бидејќи за прв пат ќе донесе и три натпревари во Јужна Америка: по еден во Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Екипата на Мајорка излесе со осуда на навивач на клубот кој си дозволил расистички гестови кон играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, на вчерашниот меч одигран во Примера Дивизион. – На мечот беа направени фотографии од лице кое прави расистички гестови. Мајорка нема да толерира никакви манифестации на расизам и активно e вклучена во сите кампањи за искоренување на ова зло, кое оди подалеку од спортот. Овој изолиран инцидент нека не ја оцрни почитта и спортскиот дух на Мајорка, се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, го пофали младиот 23-годишен крилен напаѓач, Фил Фоден. „Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Тој би можел да влезе во фудбалската историја во наредните 15 години“ – изјавил Белгиецот. Фоден има 45 натпревари во сите конкуренции со ефект од 22 гола и 10 асистенции.
Поранешниот фудбалер за врска на Манчестер Јунајтед и на руската репрезентација, Андреј Канчелски, проговори за можниот крај на кариерата на напаѓачот на Локомотив, Артјом Џуба. „Тешко е да се каже дали е моментот кога Џуба ќе ја заврши кариерата. Сега тој практично не игра а неговите повреди се зачестија“ – вели Канчелски. Џуба во неговата богата кариера играше за Зенит, турската Адана Демирспор, московски Спартак и голем број други фудбалски клубови.
Порталот – „Атлетик“ објави информации за непосредните планови на Брони Џејмс, синот на кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн, кој реши да се пријави за драфтот во 2024 година. „Брони планира да го посвети своето време и енергија на драфтот во НБА. Ова е опцијата која би била најпосакувана за Леброн и неговата придружба. Планот е да се почека до 29 мај, кога ќе треба да се донесе конечна одлука за нацрт-апликацијата“ – стои во објавеното на „Атлетик“.
