Author: dino

NBA

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, се надева дека Клеј Томпсон ќе остане во екипата и за наредната сезона иако договорот ќе му истече во текот на летото.  „Сакаме да го задржиме. Знам дека Клеј ќе ја донесе најдобрата одлука за него. Верувам дека тоа ќе го направи и тимот“ – потенцираше Грин. „Немам причина да се грижам. Знам дека клубот ќе направи се за нас“ – изјави играчот на „Воините“.  

Read More

Познати се тенисерите и тенисерките кои ќе имаат можност да настапат на вториот сезонски Грен Слем турнир на терените на „Ролан Гарос“ иако не ги исполнуваат условите со нивниот рејтинг. Кај мажите тоа се Рафаел Надал, Марин Чилиќ, Денис Шаповалов, Кеи Нишикори и Су Вонг. На женскиот турни шансата да настапат ќе ја искористат: Анчелика Кербер, Наоми Осака, Ирина Бегу, Бјанка Андерску, Аманда Анисимова, Јулија Грабер и Алисон . Отвореното првенство на Франција ќе се одигра од 20 мај до 9 јуни.

Read More

Напаѓачот на Панатинаикос, Фотис Јоанидис, може да добие понуда да се пресели во екипата на Лацио, велат последните информации од Италија. Составот од Рим се обидува да пронајде замена за Чиро Имобиле кој полека ја губи довербата кај управата и навивачите. Искусниот голгетер на „римските орли“ одигра 27 сезонски мечеви во Калчото а постигна само шест голови. Нема да биде изненадување ако Лацио во текот на летото испрати понуда до грчкиот фудбалер кој има одлични партии во континуитет.

Read More

Бојан Трајковски откако деновиве стави крај на кошаркарската кариера, го имаше првото интервју за Спортско радио 90,3 ФМ. Нашиот поранешен репрезентативец проговори за најинтересните моменти под обрачите. „Пред да влезам во кошарката бев активен во ракометот. Мислам дека и таму ќе направев одлична кариера и ќе бев добар лев бек. Сепак, работите се променија во 2001 година кога од ракометот сосема случајно влегов во кошарката и тука останав цели 24 години“ – нагласи Трајковски. „Секогаш ќе ги паметам почетоците во младинските екипи кога со сопствени средства ги плаќавме судиите за да играме и да бидеме шампиони. Играв во најголемите клубови…

Read More

Борусија Дортмунд денеска од 21.00 часот ќе излезе на мегдан со Атлетико Мадрид во вториот меч од 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите. Милионерите“ ќе имаат задача да ја анулираат негативата од 2-1 додека Шпанците ќе сакаат да извлечат поволен резултат. Во досегашните пет средби меѓу двата тима, Борисија Дортмунд има две победи а Шпанците три. Германците постигнале 7 голови а примиле 6. Интересно дека ниту еден меч не завршил нерешено. Можни состави, за Борусија: Кобел, Рејсон, Хумелс, Шлотенберг, Матсеен, Сабитцер, Чан, Брандт, Мален, Адејеми и Филкруг. За Атлетико Мадрид се очекуваат : Облак, Молина, Витсел, Хименез, Хермосо,…

Read More

Фудбалерите на Барселона денеска ќе го пречекаат ПСЖ во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите. Домашниот тренер, Чави Ернандез, се надева дека неговите избраници ќе бидат инспирирани и дека ќе имаат голема поддршка од навивачите во тешките моменти. Неговиот колега на спротивната страна, Луис Енрике, потенцира дека ПСЖ никогаш не успеал да се квалификува во наредната рунда по поразот во првиот натпревар дома, но, е убеден дека ќе се стави крај на таа лоша традиција.  Состави: Барселона: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Кубарси, Кансело, Де Јонг, Гундоган, Педри, Јамал, Левандовски и Рафиња. За ПСЖ треба да истрчаат : Донарума, Хакими,…

Read More

Ненад Стојановски, претседател на Здружението – „МТБ Илинден, денеска во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, го најави специјалниот велосипедски настан во Општина Илинден кој ќе има и хуманитарен карактер. „Минатата сезона за прв пат организиравме настан кој имаше за цел преку велосипедизмот да ги покажеме убавините на нашата Општина и да им овозможиме на љубителите на здравиот живот да се дружат. Бевме изненадени од бројката на пријавени, се надевам дека годинава таа ќе биде уште поголема“ – вели Стојановски. „Нашата главна цел е да го доближиме велосипедизмот до најмладите, да покажеме дека тоа не е само спорт туку и…

Read More

Јувентус, Интер и Милан го посакуваат малдиот фудбалер на Арсенал, Чарли Патино, кој сега игра како позајмен во Свонси. Играчот од средниот ред кој е роден во Вотфорд во 2003 година, никогаш не играл надвор од Англија а бил дел од сите помлади категории на репрезентацијата на „Гордиот албион“.  Неговата позајмица во Свонси истекува на лето и тој ќе се врати во Арсенал. 20-годишниот играч за врска се проценува на околу 10 милиони евра.

Read More

Фудбалскиот состав на Рома доцна синоќа потврди дека состојбата на Еван Ндика е добра и дека започнал процес на закрепнување. „Првото и второто ниво на кардиолошки прегледи не открија кардиолошка патологија. Нови прегледи ќе се вршат во Рим“, се вели во соопштението на италијанскиот тим. Ндика е 24-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кој минатото лето дојде во Рома од германски Ајнтрахт Франкфурт. Тој во сезонава забележа 27 настапи и две асистенции.

Read More

Барселона денеска ќе игра против ПСЖ во реваншот од четврт-финалето во Лигата на фудбалските шампиони а во центарот на вниманието ќе биде, Осман Дембеле, кој го чека пеколен пречек од домашните фанови. Познато е дека црномурестиот фудбалер помина шест години кај Каталонците но, главно се соочуваше со повреди и беше надвор од теренот.  Напаѓачот во претходното лето доби понуда и брзо ги спакува куферите и се пресели на „Паркот на принцовите“. Тоа беше негативно прифатено од навивачите на „Камп Ноу“.

Read More