Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, вели дека крилниот напаѓач, Сон Хенг-Мин, има квалитети од светска класа. „Тој е супер-ѕвезда и многу зависи од него. Тој е подготвен и да отпатува на другиот крај на светот за да игра за репрезентацијата на Кореја“ – изјавил Постекоглу. Сон се пресели кај Тотенхем во 2015 година. Досега има  401 натпревар со ефект од 160 голови и 83 асистенции.

Read More

Мундо Депортиво, објави дека тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, може да остане кај Каталонците иако во почетокот на годинава најави дека ќе си замине од „Камп Ноу“. Весникот повикувајќи се на близок пријател на Чави, открива дека стратегот поставил одредени услови до челниците ако сакаат да го задржат и за наредните сезони. Шпанскиот стручњак инсистира да се купат : Силва од Манчестер Сити,  играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.

Read More

Специјалистот за фудбалски финансии, Киеран Мегваер, рече дека Премиер лигата нема да ја земе в предвид продажбата на имоти на поврзаните страни кога го испитува финансискиот фер-плеј. „Пред неколку години видовме дека Ридинг, Бирмингем, Дерби, Шефилд и уште еден или два клуба продаваат имоти на нивните сопственици за да се обидат да добијат предност од сметководствена перспектива“ – рече Мегваер. Платите на Челзи изнесуваат 404 милиони фунти, повеќе од Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Само Манчестер Сити им плаќа на своите играчи повеќе од Челзи – 422,9 милиони фунти, вклучувајќи ги и бонусите за освојување на тројната круна.

Read More

Драган Начевски доби суспензија од две години и парична казна поради непријавување обид за местење натпревари во ЕХФ.   Поранешниот наш судија и делегат, пред една година беше суспендиран но, откако поднесе жалба до Апелацискиот суд, целата постапка беше вратена на почеток. Сега ЕХФ повторно одреди суспензија од две години и парична казна од 5.000 евра. Целиот случај започна по пријава од данската тв куќа која имаше снимка како Начевски разговора за местење натпревари со кинески бизнисмен. Иако Начевски ја одбил понудата и не учествувал во нелегални акктивности, тој е обвинет дека не го пријавил случајот до ЕХФ.

Read More

Во текот на викендот во Скопје ќе биде организиран меѓународен карате турнир – „Олимпик Опен 2024“. Тренерот во клубот, Кристијан Младеновски, во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека ќе има исклучително силна конкуренција. „Минатата сезона бевме изненадени од масовноста. Сега очекуваме околу 1000 учесници со целиот придружен персонал. Досега има пријави од 9 земји но, бројката може да се зголеми. Ќе имаме видни гости меѓу кои и освојувачи на олимписки медали“ – вели Младеновски. „Натпреварите ќе бидат организирани во повеќе возрасни и тежиниски категории. Ме радува што има голем број на пријавени и од македонските клубови. Целиот настан…

Read More

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, кој имаше конфликт со навивачите на тимот, може да го напушти римскиот клуб во текот на летниот трансфер период. Тој игра за „римските орли“ од јули во 2016 година. Досега има 335 натпревари, 206 голови и 54 асистенции. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2025/26. 34-годишниот играч вреди на трансфер-пазарот околу 8 милиони евра.

Read More

Челниците на Наполи размислуваат да го продадат фудбалерот од средниот ред, Квича Кварацелија за околу 100 милиони евра, наведуваат денеска медиумите во Италија. 23-годишниот Грузиец во сезонава одигра 39 натпревари со ефект од 10 голови и 7 асистенции во сите конкуренции.  Неговиот договор е валиден до 2027 година. За Кварацелија се заинтересирани неколку европски гиганти а во преден план се наметнува ПСЖ.

Read More

Претставниците на клубовите во Премиер-лигата постигнаа начелен договор за воведување нови финансиски правила , јавува Би-Би-Си. Тие ќе треба да стартуваат од сезоната 2025/26. Според нив, еден клуб не може да забележи поголеми загуби од 105 милиони фунти во текот на три години.   Според сегашните правила, секој клуб може да троши повеќе од 70% од приходите за трансфери, плати и провизии на агенти. Во Англија тој процент се очекува да биде 85.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, дефинитивно остана без услугите на дефанзивецот , Рафаел Варан, кој ќе мора да паузира подолг период  поради повреда на мускулот. Францускиот интернационалец веројатно ќе се врати на терените кон средината на месец мај. Тој во сезонава одигра  30 натпревари и постигна 1 гол. 20-кратниот шампион на Англија утре ќе му гостува на Бурнмаут.

Read More
NBA

Пол Пирс очекува Далас да го елиминира тимот на Лос Анџелес Клиперс на стартот на плеј-оф натпреварите во НБА лигата.  „Погледнете само што прави Дончиќ. Знаеме се и за Ирвинг. Веројатно најдобар во играта еден на еден“ – вели Пирс. „Далас ги има сите компоненти  за да стигне до финалето. Верувам дека Маверикс имаат шанса“ – вели поранешниот кошаркар а сега тренер.

Read More