Author: dino

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, вели дека не ги разбира казните што му ги дадоа стјуардите на спринт трката во Шангај. Шпанецот беше казнет со 10 секунди од стјуардите, кои, сепак, не прецизираа што точно прекршил од правилата. Алонсо сега има 6 казнени поени за само за еден месец вклучително со трката во Мелбурн. „Не ги разбирам санкциите и не се согласувам со нив, особено кога се работи за казнени поени кои се додаваат на мојата лиценца“ – потенцираше Алонсо

Read More

Наградата –„Laureus“ заврши во рацете на тенисерот – Новак Ѓоковиќ.  Србинот по петти пат во кариерата стигна до најпрестижната награда за спортисти. Неговиот говор на сцената беше посебно проследен од страна на Рафаел Надал. Според реакциите на српските медиуми, Шпанецот наводно бил љубоморен на големиот ривал. „Сакам да им оддадам признание на сите што се тука. Лауреус е посебна организација и навистина ми е чест што имав можност да ја добијам наградата за прв пат во 2012 година“ –  потенцираше  Ѓоковиќ  кој се израмни со Роџер Федерер.

Read More

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Мартина Навратилова, се осврна на игрите на Карлос Алкараз и Јаник Синер. „Јаник е неверојатен. Тој е пример за тоа како работата ви помага да напредувате и да играте на највисоко ниво. Со нетрпение ги очекувам следните десет години и битките на Алкараз, Синер и некои други играчи кои можат да се приклучат“ – вели Навратилова. „Го сакам Јаник и неговиот ментален став. Алкараз има највпечатливи удари но,те инстинкти на Синер се неспоредливи. Тоа му овозможува речиси секогаш да го освои последниот поен“ – рече тениската легенда.

Read More

Серж Гнабри се надева дека ќе може да настапи на мечот со Реал Мадрид во полу-финалето во Лигата на шампионите закажан на 30 април во Шпанија. Фудбалерот на Баерн Минхен кој доби повреда на препоните на дуелот со Арсенал, работи под посебен режим. Тој го искористи слободниот ден на тимот за да работи индивидуално во клупската база. Враќањето на Гнабри ќе биде значајно за Баварците кои останаа без крилниот напаѓач, Кингсли Коман, кој ќе паузира подолго време и може да го пропушти ЕП во Германија.

Read More

Легендарниот тренер, Фабио Капело, зборувајќи за Ламине Јамал, младата ѕвезда на Барселона, се осврна на темата фудбалски генијалци и спомна неколку играчи. Меѓу нив го нема Кристијано Роналдо. Запрашан дали Јамал може еден ден да биде нешто слично како Лео Меси во Барселона, италијанскиот тренер многу јасно објасни како стојат работите. „Ламине е брилијантен и многу интересен но, нема да биде брилијантен како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци” – вели Капело

Read More

Нотингем Форест ги побара аудио снимките од судиите по поразот од Евертон со 2-0 во неделниот меч во Премиер-лигата. Клубот беше бесен откако беа одбиени три реакции за пенал при поразот на Гудисон Парк и преку социјалните мрежи објави дека биле сведоци на „исклучително лошо судење“. Клубот посочи три клучни ситуации а во сите беше вклучен Ешли Јанг од Евертон  кој прво го фаулираше Џовани Реина во шеснаесетникот во 24. минута, играше со рака во 44. како и прекршокот врз Калум Хадсон-Одои во 56. минута.

Read More

Фудбалерите на Јувентус утре ќе гостуваат кај Лацио во реваншот од полу-финалето во Купот на Италија. Тренерот на „старата дама“ од Торино, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим ќе има тешка задача да ја одбрани предноста од 2-0 обезбедена на првиот меч. „Очекувам Лацио, кој ќе игра со голема агресивност бидејќи ќе сака да врати два гола. Утре ќе имаме многу тежок натпревар. Ќе мора да одиграме одлично“ – вели Алегри. „ Утре ќе дознаеме дали бевме добри за да одиме во финале или не. Потоа првенството, неколку бода за да се постигне другата цел“ – нагласи тренерот на Јуве.

Read More

28-годишниот симпатизер на Хофенхајм кој фрли запалена ракета на мечот против Аугсбург во Бундеслигата, е осуден на три години затвор.   Таа експлодираше во близина на навивачите, при што беа повредени 14 лица од кои 5 деца. Во почетокот на судењето во Аугсбург, Јавниот обвинител побара 4 години и 10 месеци затвор. Човекот е обвинет дека предизвикал експлозија на преполниот стадион со 26.000 луѓе, која резултирала со неколку повредени.

Read More

Медиумите во Англија наведуваат дека луѓето од фудбалскиот состав на Вест Хем ќе се обидат да го ангажираат тренерот, Рубен Аморим, иако имаше најава дека стратегот на крајот на сезоната ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Според новинарот, Дејвид Орнштајн, Аморим досега не добил никаква конкретна понуда од „Енфилд“ и може слободно да преговара со други екипи. Тоа се чини сакаат да го искористат – „чеканите“ и да го ангажираат Португалецот за наредната сезона.

Read More

Александар Кузмановски од карате клубот  – „Олимпик“, денеска во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за силниот меѓународен турнир – „Олимпик Опен 2024“ кој беше организиран на највисоко професионално ниво. „ Втора година по ред организираме турнир на кој се појавуваат еминентни гости и клубови од странство. Бројката достигна речиси до 1000 учесници што значи дека можеме да бидеме презадоволни. Тенденцијата е догодина со вистински спектакл да го прославиме 20-от роденден на клубот“ – вели Кузмановски. „Во годините наназад во нашиот клуб продефилираа многу носители на медали од најголемите светски и европски настани во каратето. Сакаме тоа да продолжи…

Read More