Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, вели дека не ги разбира казните што му ги дадоа стјуардите на спринт трката во Шангај.
Шпанецот беше казнет со 10 секунди од стјуардите, кои, сепак, не прецизираа што точно прекршил од правилата. Алонсо сега има 6 казнени поени за само за еден месец вклучително со трката во Мелбурн.
„Не ги разбирам санкциите и не се согласувам со нив, особено кога се работи за казнени поени кои се додаваат на мојата лиценца“ – потенцираше Алонсо