Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, се надева дека Клеј Томпсон ќе остане во екипата и за наредната сезона иако договорот ќе му истече во текот на летото.
„Сакаме да го задржиме. Знам дека Клеј ќе ја донесе најдобрата одлука за него. Верувам дека тоа ќе го направи и тимот“ – потенцираше Грин.
„Немам причина да се грижам. Знам дека клубот ќе направи се за нас“ – изјави играчот на „Воините“.