Author: dino

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, стана рекордер по бројот на најмалку две успешни додавања за гол на еден меч во Премиер-лигата . Тој на вчерашниот натпревар со Нотингем Форест по 18-ти пат имаше најмалку две асистенции на еден меч што претставува рекорд во историјата на англискиот елитен фудбал. Репрезентативецот на Белгија на оидграни 14 сезонски средби има 4 голови и 8 асистенции.  Веројатно ефектот ќе му беше подобар доколку не отсуствуваше извесен период поради повреда.

Read More

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, вчера постигна два гола на натпреварот со Торино и се проби на втората позиција на листата на стрелците кај „нероаѕурите“ кога станува збор само за играчите од средниот ред. Тој сега има 13-ет голови во тековново првенство во Серија А. Рекордот му припаѓа на Лотар Матеус  кој постигна 16 голови во сезоната 1990/91. Чалханоглу ќе има можност да атакува на рекордот на Германецот во завршните 4 кола во италијанскиот шампионат.

Read More

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз , светскиот рекет број три, имаше само пофални зборови за Италијанецот, Јаник Синер , нарекувајќи го главен фаворит на турнирот во Мадрид. „Тој не е навикнат да игра во Мадрид. Мислам дека го пропушти турнирот во изминатата година. Сега неговиот прв натпревар беше импресивен“ – вели Алкараз. „Да, секако, го гледам за најдобар играч кој го освојува секој турнир на кој игра. Ќе се обидам да го покажам мојот најдобар тенис. Ќе се обидам да не му дозволам да освои повеќе титули но, сега е тешко“ – изјави Алкараз.

Read More

Букајо Сака е првиот англичанец во редовите на Арсенал кој во последниве 30-ет години успеал да постигне голови на двата сезонски меча против градскиот ривал, Тотенхем. Тоа пред него го направи само легендарниот напаѓач на „топчиите“, Јан Рајт, во сезоната 1993/94. Сака погоди на вчерашното дерби на северен Лондон кое го освои неговиот тим со 3:2 како и на првиот меч на „Емирати“ кога беше 2:2. Крилниот напаѓач во 33 средби во сезонава во Премиер-лигата има 15 голови и 9 асистенции.

Read More

Напаѓачот на Рома Паоло Дибала кој погоди од пенал на викенд-мечот со Наполи во Серија „А“ се изедначи со голегетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, по бројот на постигнати голови плус асистенции во една сезона. Играчот од средниот ред на „волчицата“ го обезбеди 12-от поен (9+3) на тековниот турнир користејќи го системот гол+додавање во 2024 година. Влаховиќ засега има 10 гола и 2 асистенции во италијанското првенство.  Лидер во таа конкуренција е Лаутаро Мартинез (Интер) со 23 погодоци и две асистенции кои беа претворени во гол.

Read More

Тренерот, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа на Манчестер Сити на теренот на Нотигем Форест, верува дека „граѓаните“ нема да загубат до крајот на сезоната и дека ќе ја одбранат титулата во Премиер-лигата. „На овој стадион победи Ливерпул во 99. минута, Арсенал победи со 2:1, па и нам не ни беше лесно. Моравме да играме подобро и да го контролираме мечот “ –  изјави Гвардиола. На табелата Арсенал е лидер со 80 бодови пред Сити кој има 79 и натпревар помалку. Ливерпул го има третото место со 75 бодови и практично е отпишан од трката за титулата.

Read More

Селекторот на нашите ракометари, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список за бараж натпреварите против селекцијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година. Првиот меч ќе биде на 08.05.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот а ревашот е закажан за 12.05.2024 (недела) во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот. Список на повикани: Поранешниот репрезентативец, Стојанче Стоилов, ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Read More

Тренерот на кадетската фудбалска екипа на Вардар, Пепи Георгиевски, во интервју за  Спортско радио 90,3 ФМ, посочи дека сите мисли во завршницата на сезоната ќе бидат насочени кон финалето на Купот. „Со добра работа успеавме да ја оствариме главната цел и да влеземе во решавачкиот меч за пехарот. Таму ќе играме со екипата на Шкендија која е меѓу најдобрите во кадетска конкуренција. Во очекување на терминот за мечот, ќе се обидеме максимално да се подготвиме. Се надевам дека ќе го донесеме пехарот во клубот“ – изјави Георгиевски кој е повеќе од 25 години активен во тренерскиот дел на Вардар. „Во…

Read More

Екипата на Милан може да се обиде да го изнајми фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос. 27-годишниот Шпанец не ја добива потребната минутажа од тренерот, Карло Анчелоти и размислува да ја промени средината. Тој игра за „белите“ од 2017 година. Во сезонава има 21 натпревар со ефект од еден гол и една асистенција. Италијанските медиуми наведуваат дека шпанскиот состав веројатно нема да ја прифати понудата за позајмица бидејќи сака да го продаде.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува „90min“.   Според изворот, Арсенал и Манчестер Сити се во трката за потписот на 26-годишниот Бразилец. Во исто време, англискиот тим е подготвен да го продаде играчот за најмалку 93 милиони евра. Гимареш во сезонава одигра 45 натпревари на кои постигна 4 голови и направи 8 асистенции.

Read More