Мамуга Џугели кој му е агент задолжен за трансфери на фудбалерот на Наполи, Квича Кварацелија, ќе ги продолжи преговорите за нов договор со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Актуелниот на Грузиецот истекува во јуни 2027 година. Проблемот е висината на платата. Грузиецот добива 1,5 милиони евра а Наполитанците се подготвени да ја зголемат сумата на 4. Медиумите објавија дека играчот и неговиот агент, бараат најмалку 5 милиони по сезона. Де Лаурентис претходно тврдеше дека нема да го пушти лидерот на неговиот тим да си оди за помалку од 100 милиони.
Author: dino
Маурисио Покетино по импресивната победа против Тотенхем со 2-0, призна дека не е сигурен дали ќе го добие потребното време за да го врати Челзи меѓу претенденти за освојување на Премиер лигата. „На сите менаџери им треба време да ги преведат своите идеи и нивната филозофија. Треба да имате време. Тоа не е моја одлука. Тешко е да се види дека секоја недела сум под лупа. Но, не е моја одлука да бидам тука или не“ – нагласи менаџерот на „сините“. „Моето чувство е дека сум горд што сите овие момци, целиот состав што го имаме, 25-27 играчи, секогаш го…
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ја презеде одговорноста за поразот од Челзи со 2:0 кој практично го одалечи неговиот тим од трката за место што носи во Лигата на шампионите за наредната сезона. „На крајот јас сум тој што ги ставам таму на теренот и ги подготвувам за тоа. Бевме толку далеку што морам да се погледнам и да видам како го подготвувам тимот за големи мечеви. Денеска бевме далеку од посакуваното“ – изјави Постекоглу по мечот на „Стемфорд Бриџ“. Тотенхем сега заостанува седум бодови зад Астон Вила но, има и меч помалку.
Карлос Саинц од Ферари е без договор за следната година и допрва треба да одлучи во кој тим сака да се приклучи. „Има одредени работи кои не зависат целосно од мене. Некои чекаат да видат што ќе се случи. Сè уште сме во разговори со одредени луѓе. Единственото уверување што го имам е дека сакам да ја донесам вистинската одлука“ – вели Саинц. „Тоа ќе трае малку подолго. Сакам да ги видам сите достапни опции пред да донесам каква било одлука. Мислам дека приклучувањето на Нико во Ауди има целосна смисла. Тој е одличен возач“ – вели Шпанецот.
Трикратниот шампион во Ф1, Макс Верстапен, вели дека „не го обвинува“, Адријан Њуи, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Ред Бул. Неговата екипа деновиве објави, дека легендарниот дизајнер по цели 15 години ќе си замине во април во 2025-та. Тоа дополнително ги подгреа шпекулациите дека би можел да прифати понуда на Ферари. „На крајот на денот, му реков и на Адријан, треба да го направиш тоа што мислиш дека е најдобро за тебе. Мислам дека е многу важно да размислите и да ги донесувате вистинските одлуки за себе и вашето семејство“ – вели Верстапен.
Откако тенисерката од Тунис, Џабер, изјави дека организаторите на турнирите имаат различен пристап кон мажите и жените, реагираше првиот човек на Мастерсот во Мадрид. „Минатата година направивме грешки и донесовме погрешни заклучоци. Но, ние бевме првиот турнир кој исплати исти парични награди на жените и на мажите. Затоа, мислам дека е неправедно да се каже дека поинаку ги третираме мажите и жените“ –изјави Фелицијано Лопез. „ Го разбирам разочарувањето во врска со некои прашања, бидејќи за време на турнирот може да се појават многу различни ситуации со транспортот, со тренингот. Ние се обидуваме да ги третираме сите подеднакво и секогаш…
Фудбалерите на Астон Вила доцна синоќа загубија на домашен терен од Олимпијакос со 4:2 во првиот меч од полу-финалето во Конференциската лига. Нивниот тренер, Унаи Емери, вели дека противникот е фаворит и во реваншот во Грција. „ Фрустрирани сме и разочарани, не одигравме добро. Немавме контрола на играта. Тие напаѓаа, играа толку отворено. Нашиот план беше сосема поразличен“ – вели Емери.„ Честитки, тие заслужија да победат во првиот натпревар. Ќе се обидеме да се вратиме, но, се разбира, тие се сега фаворити. Ќе играме таму и ќе се обидеме да покажеме нешто поразлично“ – вели тренерот на англичаните.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, вели дека не може да се споредуваат различни играчи како Хари Кејн и Расмус Хојлунд. „Тоа се играчи кои ги имаат сите вештини, тоа се физичките и особено менталните вештини што им се потребни за да настапат и да придонесат за победа на секој натпревар„ – вели Тен Хаг.„Некогаш треба да градиш и мора да прифатиш дека добиваш талент наместо докажани играчи“ – потенцира Тен Хаг.
Македонските одбојкари денеска го имаа официјалниот старт на подготовките пред новото „европско лето“. Под водство на новиот селектор Хари Наковски, нашиот сениорски тим во Струмица ќе ја помине првата фаза од подготовките за „Златната лига 2024“ и потоа квалификациите за Европското првенство 2026. За разлика од минатата година, националниот состав има променета физиономија, со нов селектор, Хари Наковски, без најискусниот техничар, Филип Деспотовски, со двајца дебитанти, Михајло Мирасчиев и Кристијан Илиев, и со неколкумина помлади играчи коишто ќе добијат поголема шанса. Селекторот Наковски смета на 15-мина одбојкари, кои денеска сите пристигнаа на собирот во Струмица. Од стандардните, Александар Љафтов нема…
Актуелниот македонски фудбалски шампион, Струга Трим Лум денеска објави прекин на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. Како што објавија од клубот, соработката е прекината во взаемна согласност на двете страни. Струга му се заблагодари на Дуро за придонесот во периодот додека го водеше тимот и до освојувањето на титулата, но и до одличната сезона во европските купови.
