Трикратниот шампион во Ф1, Макс Верстапен, вели дека „не го обвинува“, Адријан Њуи, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Ред Бул.
Неговата екипа деновиве објави, дека легендарниот дизајнер по цели 15 години ќе си замине во април во 2025-та. Тоа дополнително ги подгреа шпекулациите дека би можел да прифати понуда на Ферари.
„На крајот на денот, му реков и на Адријан, треба да го направиш тоа што мислиш дека е најдобро за тебе. Мислам дека е многу важно да размислите и да ги донесувате вистинските одлуки за себе и вашето семејство“ – вели Верстапен.

