Кошаркарот, Шеј Ларкин, кој игра за Анадолу Ефес од 2018 година, го продолжи догворот со турскиот состав.
Тој освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година. Шејн во сезонава има просек од 16,8 поени, 2,8 скока и 5,1 асистенции но, неговиот тим не успеа да стигне до плеј-офот. Турците беа елиминирани од италијанскиот Виртус во фазата на плеј-ин.
Во исто време, Анадолу го продолжи договорот и со актуелниот тренер, Томислав Мијатовиќ за две сезони.

