Лука Дончиќ призна дека вториот натпревар против Оклахома не му бил лесен. Кошаркарот на Далас играше со истегнување на десното колено а болката беше видлива на неговото лице.
„Еден од најтешките натпревари за мене во целата моја кариера. Не е лесно но, се обидувам да направам се што можам за да му помогнам на тимот да победи“ – изјави Дончиќ.
Тој досега има во просек на натпревар по 29 поени, 10 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки.