Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се осврна на сезоната и одговори на критиките што ги добиваше речиси во континуитет. Неговиот тим вчера го освои пехарот во ФА Купот на Англија по победата против Манчестер Сити додека во Премиер-лигата на крајот на сезоната заврши на осмото место. Тоа е нати-рекорд или најслабиот пласман на „црвените ѓаволи“ во последните 30 години. „Кога некого го критикуваш немаш поим како е да се биде менаџер на фудбалски тим“ – беа зборовите на Холанѓанецот кој уште не е сигурен дали ќе остане и натаму на „Олд Трафорд“.
Author: dino
Koшаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во домашното првенство откако денеска го совладаа Пелистер во Битола со 78:67. Гостите беа подобар противник и сосема очекувано ја обезбедија 11-та титула. Таа доаѓа со убедливи 3-0 во финалната серија. Во редовите на скопскиот тим Баковиќ и Гилон застанаа на 15 кошеви додека кај битолчани се издвоија Мијовиќ и Костоски кои постигнаа по 19 поени.
Македонската машка одбојкарска репрезентација ја совлада селекцијата на Азербејџан со 3-0 по сетови (25:17, 25:17 и 25:18) и ги освои првите бодови во Европоската златна лига. На вториот турнир кој се реализира викендов во Белгија, нашите репрезентативци беа супериорни во секој сегемнт од играта и сосема заслужено се израдуваа на максимален триум. Во нашиот тим Никола Ѓорѓиев и Филип Савовски обезбедија по 15 поени. Утре во 4 коло не чека мечот со домаќинот, Белгија.
Eрик тен Хаг смета дека работата во Манчестер Јунајтед е успешна. Неговата изјава доаѓа пред финалето во ФА Купот со Сити. „ Ако победиме, ќе се најдеме во друга ситуација – ќе освоиме уште еден трофеј и ќе се натпреваруваме во Европа. Три финалиња во две сезони се многу добар резултат“ – вели Холанѓанецот. „Мислам дека многу се подобривме и дури и ако ги земете предвид сите повреди што ги имавме, тоа е ужасна сезона за нас“ изјави Тен Хаг кој со „црвените ѓаволи“ заврши на 8-то место во Премиер лигата .
Новинарот, Флоријан Плетенберг, кој одлично ги познава состојбите во Баерн Минхен, објави дека Баварците се договориле со Винсент Компани. Тоа значи дека досегашниот тренер на Барнли ќе се пресели во Бундес-лигата а англискиот клуб ќе добие оштета од максимални 12 милиони евра. Компани ќе потпише договор до 2027 година. Белгискиот тренер пред да замине во Англија работеше во татковината во екипата на Андерлехт.
Весникот – „Corriere dello Sport“ денеска објави дека Џан Пјеро Гасперини реши да остане на чело на Аталанта. Тоа значи дека искусниот стратег кој неодамна го донесе пехарот од Лига Европа во Бергамо, ги прекинал преговорите со Наполи. Тој со неговите избраници во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите и тоа е главната причина да остане во клубот. Се очекува луѓето од Аталанта да му понудат нова соработка со далеку подобри финансиски услови, се вели во дел од текстот.
Чави Ернандез кој доби отказ од тренерската позиција во екипата на Барселона, вели дека е подготвен да се врати во иднина во редовите на каталонскиот фудбалски гигант. „Зошто да не? Би сакал. Уживав во мојата работа, но и страдав. Не ја затворам вратата на себе“ – вели Чави. „Се надевам дека ќе имам шанса да се вратам. Невозможно е да се замисли такво збогување но, тоа се случи. Ова е одлука на клубот“ – рече Чави.
Симоне Инзаги прв пат е проглaсен за најдобар тренер во Серија „А“. Тој со фудбалерите на Интер супериорно ја освои титулата во Калчото и сосема заслужено го доби престижното признание. Инзаги ги однесе „нероаѕурите“ до јубилејната 20. титула во Италија. 48-годишниот специјалист признанието ќе го добие в недела на последниот сезонски натпревар против Верона. Наградата ја доделува специјално жири составено од директори на спортски медиуми.
Луѓето од Челзи му порачале на фудбалерот, Ромелу Лукаку, да си бара нова средина бидејќи немаат намера да го вратат во Англија. Корпулентниот напаѓач последната сезона ја одигра позајмен во Рома но, „италијанскиот состав нема намера да го задржи. Последните информации велат дека Лукаку е подогтвен да замине на друг континент.
Фудбалерите на Тиквеш ја совладаа Воска со 2:1 и го освоија победничкиот пехар во најмасовното клупско натпреварување кај нас.Во интересен, возбудлив и главно изедначен меч, фудбалерите од Кавадарци на крајот сосема заслужено се изборија за вредниот трофеј и тоа за прв пат во клупската историја. Воедно тие си обезбедија и виза за Европа во квалификациите за Конференциската лига. Тиквеш поведе со евро-голот на Стојковски во 41-та минута од слободен удар додека Силва во 57-та зголеми на 2-0. Единствениот погодок за Воска беше дело на Шаркоски во 77 минута по големата грешка на голманот Ренер.
