Author: dino

Хорхе Мартин во 2025 година ќе вози за тимот на Априлија во најсилната класа  во Мото Гран Шампионатот. Тој ќе биде замена за Алекс Еспергаро кој ќе се повлече на крајот на годинава. Се претпоставува дека Мартин ќе добие договор за две сезони. Засега не се знае кој ќе му биде тимски колега на Шпанецот. Објава на Инстаграм беше постирана само неколку часа откако беше објавено дека Дукати се одлучил да го ангажира Марк Маркез во фабричкиот дел од тимот.

Read More

Килијан Мбапе ќе биде претставен како фудбалер на Реал Мадрид во средината на јули. Според –„L’Equipe“, тоа треба да се одржи на 15 или 16 – но датумот може да се промени, во зависност од резултатите на францускиот тим на Европското првенство. „Кралевите“ очекуваат на промоцијата на „Сантијаго Бернабе“ да бидат присутни околу 80.000 фанови.  Целиот настан ќе биде проследен со посебна програма и огномет.

Read More

Бразилскиот фудбалер, Нејмар, потенцира дека неговиот сонародник од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, треба да ја добие наградата – „Златна топка“. Играчот на „кралевите“ во штотуку завршената сезона ја освои титулата во Примера Дивизион и во Лигата на шампионите. „Навивам за него. Многу го сакам тој човек. Голем пријател што ми го даде фудбалот. Дефинитивно ќе ја освои Златната топка“ – напиша напаѓачот на „кариоките“ за неговиот соиграч од репрезентацијата.

Read More

Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, по денешниот пораз од Хрватска во пријатеслки меч во Ријека со 3-0,  вели дека играчите мора да имаат поголема минутажа во клубовите за да можат да конкурираат за националниот дрес. „Честитам на Хрватска за играта и за победата. Покажа дека во моментов е подобра далеку репрезентација од нас, иако ние имавме неколку одлични моменти во првото полувреме“ – вели Милевски. „Се надевам дека играчите ќе ги решат проблемите во клубовите и со поголема минутажа ќе бидат поконкурентни и во репрезентацијата. Не сум задоволен на моменти од тактичката дисциплина и од физичката подготвеност на дел…

Read More

Килијан Мбапе изјави дека му се остварил сон откако неговиот трансфер во Реал Мадрид беше потврден денеска. Француската супер-ѕвезда официјално ќе се пресели на „Сантјаго Бернабе“ на 30 јуни. „Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Среќен сум и горд што доаѓам во клубот од моите сништа“, напиша 25-годишниот Мбапе на Инстаграм. Французинот ќе има годишна плата од 15 до 20 милиони евра а ќе добие и бонус од 125 милиони евра.

Read More

Нашите најдобри фудбалери со пораз ја започнаа мини турнејата со пријателски мечеви. Тие денеска загубија на гостувањето кај Хрватска со 3-0. На стадионот во Ријека, „коцкестите“ беа подобар противник во поголемиот дел од мечот и сосема заслужено забележаа сигурна победа. Резултатот го отвори Мајер во 10-та минута со одличен гол од слободен удар. Истиот играч погоди и во финишот на првиот дел по лошата реакција на нашата одбрана. Пред паузата, Трајковски испрати „бомба“ од слободен удар кон голот на домаќините но, голманот, Ливаковиќ успеа да ја скроти топката. Конечните 3-0 ги постави Пашалиќ во 79 минута откако по одбраната на…

Read More

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија би можел да го напушти италијанскиот клуб и да се пресели во Пари Сен Жермен. Според – „Corriere dello Sport“, италијанскиот состав ќе бара преку 100 милиони евра компензација за трансфер на играчот. Грузиецот во сезоната која заврши одигра 45 натпревари на сите турнири на кои постигна 11 голови и направи девет асистенции. Тој има договор со Наполи до 2027 година.

Read More

Масимо Морати кој беше прв човек на фудбалскиот состав Интер од 1995 до 2013 година, не крие дека е заинтересиран да откупи дел од акциите. Италијанскиот тим од неодамна има нови сопственици. „ Да се ​​биде дел од Интер е голема одговорност, нашите деца се големи навивачи“ – вели 79-годишниот бизнисмен. Интер под водство на Морати освои 13 пехари во домашни рамки и по еден трофеј од Лигата на шампионите , Купот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Read More

26-годишниот Арон Ван – Бисака кој го изгуби местото во првата постава на Манчестер Јунајтед веројатно ќе си замине во текот на летото. Бидејќи десниот бек ја нема посакуваната минутажа кај „црвените ѓаволи“, сосема е реално да размислува за нов предизвик. Згора на тоа новата управа на клубот најави дека ќе има поголема реконструкција во ростерот. Црномурестиот играч го облече дресот на Манчестер Јунајтед во 2019 година и досега одигра 130 меча на кои даде два гола.

Read More

Калвин Филипс откако ја помина сезоната како позајмен во екипата на Вест Хем, размислува да го напушти неговиот клуб Манчестер Сити и да замине во друга држава. Поранешниот фудбалер на Лидс откако не се наметна кај Пеп Гвардиола, мораше да оди на позајмица кај „чеканите“.   За 28-годишниот играч наводно се заинтересирани екипи од Германија и Италија. Филипс за селекцијата на Англија има одиграно 31 меч и постигнато 1 гол.

Read More