Јаник Синер од денеска е првиот Италијанец кој застанал на чело на АТП листата. На второто место се проби победникот на Ролан Гарос, Шпанецот Карлос Алкараз додека Новак Ѓоковиќ, падна на третата позиција. Српскиот тенисер кој помина рекордни 428 недели на првото место, мораше да го прекине настапот во Франција поради потешка повреда и веднаш да замине на операција. АТП ранкинг:1.Јаник Синер (Италија) 9.525 поени2.Карлос Алкараз (Шпанија) 8.5803.Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.3604.Александар Зверев (Германија) 6.8855.Данил Медведев (Русија) 6.4856.Андреј Рубљев (Русија) 4.7107.Каспер Руд (Норвешка) 4.0258 Хуберт Хуркач (Полска) 3.9959. Алекс Де Минор (Австралија) 3.84510.Григор Димитров (Бугарија) 3.775
Author: dino
Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, не успеа да влезе во финалната серија во скок во далечина на Европското првенство што се реализира на стадионот – „Олимпико“ во Рим. Тој во квалификациите го освои 22-то место со прескокнати 7,73 метри што е послаб резултат во однос на неговиот личен рекорд. Македонија на ЕП во атлетика ќе ја претставува и Дарио Ивановски кој ќе настапи во полумаратонот.
Ристе Божиновски, еден од основачите на Фондацијата – „Марко Божиновски“, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ по повод Традиционалниот Меѓународен Мeморијален ракометен турнир за играчи до 18 години – Марко Божиновски. „Годинава по трет пат ќе го организираме турнирот на отвореното игралиште во Ново Лисиче од 14 до 16 јуни. Се надеваме дека ќе не послужат временските услови. Ќе учествуваат осум екипи и тоа пет од Македонија и три од БИХ, Романија и Црна Гора“ – вели Божиновски. „Турнирот преставува можност за афирмација на младите ракометари, за размена на искуства и пред се да го задржи…
Претседателот на МОК, Даниел Димевски, до генералното собрание на Европските олимписки комитети, поднесе извештај за досегашниот прогрес во однос на тековната организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025. Со голема поддршка од страна на Европскиот олимписки комитет и од страна на сите Национални олимписки комитети, извештајот за овој амбициозен проект беше оценет како исклучително успешен. МОК, во партнерство со македонската влада и градот Скопје, како и во партнерство со националните спортски федерации и приватниот сектор ќе ги организира Европските младински Олимписки игри Скопје 2025, кои ќе се одржат во периодот 19-26 Јули.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Даниеле Де Роси ќе го продолжи договорот со клубот до 2027 година. Се очекува „волчицата“ тоа да го потврди во наредните денови. 40-годишниот специјалист го презеде кормилото во јануари по заминувањето на Жозе Мурињо. Рома на крајот на сезоната во Серија „А“ го освои 6 место.
Фудбалерот од средниот ред на Краснодар, Едуард Спертсјан може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Tuttomercatoweb“. За 24-годишниот Ерменец наводно, конкурираат: Јувентус, Лацио, Наполи и Фиорентина. Се известува дека италијанските клубови неколку месеци ги следеле настапите на играчот. Тој сезоната ја заврши со 11 голови и 4 асистенции.
Луѓето од Челзи допрва треба да одговорат на понудата на Борусија Дортмунд за потписот на Јан Матсен која изнесува 25 милиони евра. „Милионерите“ од Германија се обидуваат да најдат континуирана замена за ветеранот, Матс Хјумелс, кој дефинитивно ќе си замине од клубот. Холандскиот играч на „сините“ кој играше како позајмен во претходната сезона, има пазарана вредност од 35 милиони евра.
Kонор Галагер, фудбалерот од средниот ред на Челзи,може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува Дејли Мејл. За неговиот потпис ќе конкурираат екипите на Тотенхем и Астон Вила. 24-годишниот Англичанец во претходната сезона одигра 50 натпревари, постигна 7 голови и направи 9 асистенции. Неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.
Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, повторно ја разгледа несреќата меѓу него, Серхио Перез и Нико Хулкенберг во Монако пред две недели и повторно го обвини Мексиканецот. „Тој не може да тврди дека не ме видел. Ме виде, немаше друг пат, верував дека ќе ми направи место“ – вели Магнусен.„Многу пати го разгледав инцидентот. Кога ги гледате работите од друга гледна точка, се премислувате“ – вели Магнусен.
Екипата на Лос Анџелес Галакси откако го купи фудбалерот, Марко Ројс, сега ќе се насочи кон играчот на Барселона, Роберт Левандовски. Полскиот ветеран иако има договор со шпанците до летото во 2025 година, најверојатно ќе биде ставен на трансфер листата. Тој во завршената сезона имаше 49 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 26 голови.
