Тренерот на кошаркарите на Бостон, Џо Мазула, по втората победа против Далас во финалето на НБА лигата, тврди дека тимската игра носи добри резултати. Селтикси ги победија Маверикс со 105:98 а лидер кај поентерите беше Дру Холидеј (26 поени).
„Навистина ми е смачено да слушам кога зборуваат за тоа момче или за друг или за трет. Тоа треба да се гледа како тимска кошарка“ – потенцираше Мазула.
Бостон сега има предност од 2-0 во победи. Наредниот меч ќе биде одигран в четврток во 02.30 часот. Домаќин ќе биде Далас.