Екипата на Бостон е новиот шампион во најсилната светска кошаркарска лига откако ја доби финалната серија против Далас со 4-1.
Во последниот сезонски меч одигран доцна во ноќта зад нас, Бостон славеше убедливо на домашен терен со 106-88. Џејсон Тејтум беше незапирлив и успеа да дојде до 31 кош, осум скокови и 11 асистенции. Во чекор го следеше Џејлен Браун со 21 поен, осум скокови и шест асистенции.
Кај поразениот тим се издвои ука Дончиќ со 28 поени, 12 скокови и пет асистенции.