Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, верува дека Германија може да се врати на мапата како организатор на трка.
„Германија имаше успешни возачи како Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои привлекуваа внимание. Тоа потоа исчезна. Убеден сум дека љубовта кон спортот ќе се врати во Германија“ – вели Доменикали.
Претходно беше најавено дека во догледно време календарот во Формула 1 нема да претрпи промени и дека европските патеки ќе се ротираат.