Списанието – „Форбс“ ја објави сумата што ќе ја добие секој кошаркар на САД доколку успее да освои златен медал на Игрите во Париз. Според авторитетното списание, секој играч на така наречениот „дрим-тим“ ќе добие 37,5 илјади долари доколку стане олимписки шампион. Селекцијата на САД денеска ќе го има првиот меч во групната фаза и тоа против Србија.
Author: dino
Американката, Симон Билс, започа одлично на Олимписките игри 2024 година во Париз (Франција) иако во еден период се пожали на болки во ногата и замина во соблекувалната во придружба на лекарскиот тим. Четрикратната олимписка шампионка до тој миг го имаше посакуваниот резултат кој ја однесе во финалната серија. Сега се наметнува дилемата дали Билс ќе успее да обезбеди финале во сите поединечни конкуренции.
Анастасија Мојсовска го освои 31-то место во дисциплината 10 метри со воздушна пушка на 33. Летни олимписки игри во Париз. Таа во квалификациите погоди 625,3 кругови но, недоволно да продолжи кон финалната рунда. Нејзиниот најдобар резултат е 628,8 кругови. 22-годишната Мојсовска во шесте серии имаше погодено: 104,5 / 103,7/ 104,3/ 104,4/104,0/104,4 кругови.
Летното засилување на фудбалскиот состав Брентфорд, Тиаго, го повреди менискусот на пријателскиот меч против Вимблдон кога успеа да постигне два гола. Популарните „Пчелите“ објавија дека во наредната недела ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата. Според весникот -„The Sun“, доколку повредата на Тиаго се покаже како сериозна, тогаш Брентфорд нема да го продава напаѓачот, Лука Тони.
Сандро Шерер од Швајцарија ќе го суди Супер Купот на Европа меѓу шпанскиот Реал Мадрид освојувач на Лигата на шампионите и италијанската Аталанта која го освои пехарот во Лига Европа во претходната сезона. Средбата е закажана на 14 август на стадионот во Варшава во Полска. Шерер е со знакот на УЕФА од 2015 година и досега се појавил на 86 меѓународни средби под капата на Европската куќа на фудбалот. Тој судеше два меча на последниот Евро-шампионат во Германија. Помошници ќе му бидат Стефан де Алмеида и Јонас Ерни додека Украинецот, Микола Балакин, ќе биде четврти судија. Во ВАР собата ќе…
Македонската олимписка експедиција се комплетираше во Париз. Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ. На атлетичерот Дарио Ивановски кој извесен период се подготвуваше во Франција, од вчера му се приклучиј и Владимир Егоров (Борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо). Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
Марбеља го потврди трансферот на Хозе Калjехон кој нема намера да се повлече од фудбалот. 37-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша договор со клубот од 4-та шпанската лига до 30 јуни во 2025 година. Тој последните две сезони ги помина во Гранада. Шпанецот е познат по настапите за Фиорентина, Наполи, Реал Мадрид и Еспањол.
Актуелниот шампион на Шпанија и на Европа, Реал Мадрид, објави дека за сезоната 2023/24 има приход од преку една милијарда евра што претставува рекорд. Вкупната сума без трансферите на играчите достигнаа 1,073 милијарди евра, што е драстично зголемување за 27 проценти во однос на претходната сезона. Шпанците тврдат дека се првиот фудбалски клуб кој успеал да надмине приход од 1 милијарда евра.
Продолжува сагата околу првиот голгетер на Наполи, Виктор Осимен. Медиумите во Англија наведуваат дека Челзи се откажал од трансферот поради превисоките барања на италијанскиот тим но и на самиот фудбалер. Наполи за Нигериецот постави трансферна цена од 130 милиони евра додека напаѓачот побарал годишна плата од 12 милиони. „Сините“ од Лондон процениле дека тоа се премногу пари и затоа се откажале од идејата да дојдат до неговиот потпис.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој направи подолга пауза од фудбалот, планира да се врати меѓу стативите. Според дел од неговите најблиски, Шпанецот по пауза од 4-5 месеци, започнал да тренира бидејќи имал неколку понуди од Шпанија но, претпочита да го чека вистинскиот момент. Претходно имаше најава дека Де Геа може да замине во САД но, очигледно тоа нема да се случи.
