Кинеските спортисти Лиан Џунџие и Хао Јанг станаа олимписки шампиони во скок од 10 метарска платформа. Второто место им припадна на олимпијците од Велика Британија, Том Дејли и Ноа Вилијамс. Канадските олимпијци Рајлан Виенс и Нејтан Зомбор-Мареј освоија бронзени медали.
Чен Јивен и Чанг Јани од Кина се новите олимписки шампиони во синхронизирано нуркање од отскочна даска (3 м). Американките, Сара Бејкон и Кесиди Кук освоија сребрени медали. Бронзата им припадна на Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен од Велика Британија.
Банг Хјеџин од Јужна Кореја го освои златото на Олимпијадата во 2024 година во стрелаштво 10 м, воздушна пушка. Втора заврши Хуанг Јутинг (Кина) а трета Одри Гоња (Швајцарија). Кај мажите, златото го освои Шенг Лихао (Кина) – 252,2 (олимписки рекорд), среброто заврши кај Виктор Линдгрен (Шведска) а бронзата ја обезбеди Миран Маричиќ (Хрватска).

