Напаѓачот, Кирил Марченко, потпиша тригодишен договор со Колумбус вреден 11,55 милиони долари, објави тимот од НХЛ.
Договорот на хокеарот е до крајот на сезоната 2026/2027. 24-годишниот играч во претходната сезона забележа 42 поени (23 гола, 19 асистенции) на 78 натпревари.
Тој е активен во лигата од 2018 година и досега има 137 натпревари.

