Екипата на Интер размислува да испрати понуда за напаѓалот на Јуве, Фредерико Киеза, кој не сака да ја продолжи соработката со тимот од Торино бидејќи не е задоволен од новите финасиски услови. Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека челниците од Милано стапиле во контакт со агентите на голгетерот за да дознаат под кои услови може да го ангажираат. „Нероаѕурите“ деновиве најавија дека планираат да продадат неколку играчи и парите добиени од тие трансфери да ги насочат кон купување на врвен напаѓач.
Author: dino
Трикратниот олимписки шампион и повеќекратен светски, британскиот пливач Адам Пити, го сумираше настапот на Игрите во Париз. „Ова е веројатно најлошата недела во мојот живот во однос на состојбата на моето тело. Сè се урна одеднаш. Откако ќе откриете дека имате Ковид се се будите со различни мисли. Лекарскиот тим заврши одлична работа“ – рече Пити.Тој на Олимпијадата освои сребрен медал на 100 метри градно а веднаш потоа се покажа како позитивен на тестот за КОВИД-19 и мораше да оди во изолација.
Легендарниот играч на „панцирите“, Тони Крос, кој се повлече од фудбалот веднаш по Европското првенство што беше реализирано во текот на летово во неговата татковина е прогласен за играч на годината во Германија. Во истражувањето спроведено меѓу членовите на Здружението на германски спортски новинари, тој добил 285 гласа. Во Топ 3 велгуваат и Флоријан Вирц (246 гласа) и Гранит Џака (66 гласа). Очекувано за најдобар тренер е избран Чаби Алонсо, кој со Баер Леверкузен успеа да ги освои победничките пегари во Бундес Лигата и во Купот на Германија.
Легендата на светската гимнастика, Симоне Беилс, се огласи на социјалните мрежи откако се појавија шпекулации дека планира да ја заврши кариерата. -Луѓе, навистина треба да престанете да ги прашувате спортистите што е наредно веднаш откако ќе освојат медал на Олимпијада. Ајде да го почувствуваме моментот за кој работиме цел живот“ – беа зборовите на Беилс на социјалната мрежа –„Х“. 27-годишната Американка на ЛОИ во Париз го освои третиот златен медал во повеќебој и во екипна конкуренција.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Јужен Судан, Лоу Денг, се пожали на отсуството на африкански судии на турнирот. „ Не разбирам зошто на Олимпијадата нема африкански судии. Без разлика на причините, ако претставуваме цел континент, мора да бидеме целосно претставени“ – вели Денг. „Ако судиите не се запознаени со нашата игра и стил, тогаш што е Светско првенство или Олимпијада? Дали е ова само кошаркарско натпреварување во европски стил? – рече Денг по поразот од Србија на Игрите во Париз.
Екипата на Баерн Минхен најави продолжување на договорот по шемата 1+1 со кошаркарот, Карсен Едвардс кој има 26 години. Поранешниот НБА играч беше прогласен за МВП на плеј-офот во претходното издание на тамошниот шампионат. Кошаркарот кој е висок 180 сантиметри игра на бековските позиции. Тој во финалето во претходната сезона имаше просек од 16,9 поени по натпревар. Едвардс во НБА играше за Бостон и Детроит а во Европа пред да го облече дресот на Баерн, беше активен во турскиот состав Фенербахче.
Швајцарката, Клара Леони, постави олимписки рекорд и го освои златниот медал во стрелање со пушка во три различни позиции на 50 метри на Игрите во Париз. Двократната светска шампионка од Баку 2023, обезбеди 64,4 поени во финалето. 26-годишната олимпијка со тој резултат го подобри претходниот рекорд од Токио кој го имаше нејзината сонародничка, Нина Кристенсен. Второто место на пиедесталот го пополни Американката, Серџан Мадалина додека со бронза се накити Жунју Жанг од Кина.
Одбојкарката на Холандија, Ника Далдероп, по поразот од Италија на женскиот олимписки турнир во Париз 2024 година, изјави, дека сите во селекцијата се разочарани „ Мислам дека можевме да одиграме подобро. Сега ќе се фокусираме на натпреварот против Доминиканската република“ – вели Далдероп која ја има улогата на капитен. „ Пласманот во наредната фаза би било големо достигнување за нас. Ќе направиме се што е можно за да победиме на овој натпревар“ – призна Далдероп.
Атлетичарот, Кевин Кипкорир, нема да биде дел од штафетата на Кенија на патеката 4×400 метри мешано на Олимписките игри. Тој се квалификуваше за мешаната штафета но, неодамна воведените анти-допинг правила го исклучија од собирот во Париз. „AIU„ бара од сите спортисти кои сакаат да се натпреваруваат на Олимпијадата да имаат поминато минимум три тестови до 4 јули.
Фудбалскиот тренер, Енцо Мареска, кој од летово седи на клупата на Челзи, се осврна на дел од споредбите со шпанскиот стручњак , Пеп Гвардиола, кој го води Манчестер Сити. Италијанецот работеше како помошник на Гвардиола во таборот на „граѓаните“. „Кога дојдов во Лестер и се сретнав со претседателот и спортскиот директор, тие рекоа: „Сакаме да играме исто како што игра Сити“. Им реков: „Имаме различни играчи а јас сум различен тренер“ – потенцираше Мареска. „Така беше и кога дојдов во Челзи. Реков: „Имам идеи но, на играчите им треба време да ги разберат “ – нагласи Италијанецот за медиумите во Англија.
