Одбојкарката на Холандија, Ника Далдероп, по поразот од Италија на женскиот олимписки турнир во Париз 2024 година, изјави, дека сите во селекцијата се разочарани
„ Мислам дека можевме да одиграме подобро. Сега ќе се фокусираме на натпреварот против Доминиканската република“ – вели Далдероп која ја има улогата на капитен.
„ Пласманот во наредната фаза би било големо достигнување за нас. Ќе направиме се што е можно за да победиме на овој натпревар“ – призна Далдероп.

