Швајцарката, Клара Леони, постави олимписки рекорд и го освои златниот медал во стрелање со пушка во три различни позиции на 50 метри на Игрите во Париз.
Двократната светска шампионка од Баку 2023, обезбеди 64,4 поени во финалето. 26-годишната олимпијка со тој резултат го подобри претходниот рекорд од Токио кој го имаше нејзината сонародничка, Нина Кристенсен.
Второто место на пиедесталот го пополни Американката, Серџан Мадалина додека со бронза се накити Жунју Жанг од Кина.

