Екипата на Баерн Минхен најави продолжување на договорот по шемата 1+1 со кошаркарот, Карсен Едвардс кој има 26 години.
Поранешниот НБА играч беше прогласен за МВП на плеј-офот во претходното издание на тамошниот шампионат. Кошаркарот кој е висок 180 сантиметри игра на бековските позиции.
Тој во финалето во претходната сезона имаше просек од 16,9 поени по натпревар. Едвардс во НБА играше за Бостон и Детроит а во Европа пред да го облече дресот на Баерн, беше активен во турскиот состав Фенербахче.

