Французинката, Касандра Богран, го освои златниот медал во триатлон на Олимписките игри во Париз.
Делот за пливање, велосипедизам и трчање, таа го финишираше за 1 час 54 минути и 55 секунди. Второто место го освои атлетичарката од Швајцарија, Џули Дерон додека бронзата ја однесе претставничката на Велика Британија, Бет Потер .
Дождот им направи проблеми на триатлонците на велосипедската етапа па дел од нив паднаа и загубија драгоцени секунди во битката за што подобар пласман.

