Американските пливачи Дејвид Џонстон и Лук Витлок се заразиле со коронавирус на Олимписките игри во Париз. Двајцата веднаш беа преместени во посебен хотел заради изолација.
Претходно, пливачите, Адам Пити од Велика Британија и Лани Палистер од Австралија, како и германскиот атлетичар, Мануел Ајтел, беа позитивни на тестот за коронавирус.
Познато е дека пет австралиски ватерполисти беа заразени со Ковид-19 пред почетокот на Олимпијадата.

