Возачот на Тојота, Себастиен Ожие, победи на релито Финска a тимскиот шеф, Јари-Мати Латвала, објасни дека фабричкиот тим на јапонскиот производител на автомобили претрпел тежок удар во битката за светската титула кај конструкторите.
Латвала го коментираше излетувањето на Кале Рованпера во претпоследната етапа што го остави неговиот тим без бодови.
„Пред релито во Финска заостанувавме 1 бод зад Хјундаи а сега сме на 20 бода зад него. Нашите шанси изгледаат прилично мали. Ќе се бориме до крај иако ќе ни треба и среќа“ – вели Латвала.

