39-годишниот американски кошаркар, Леброн Џејмс, очекува тешки мечеви во продолжението на Олимпијадата во Париз. Неговата селекција супериорно ја помина групната фаза и сега го очекува стартот на плеј-офот.
„ Очигледно меѓу фаворитите се Канада и Германија. Ја имавме Србија во групната фаза и знаеме што можат. Австралија е силна. Мораме да бидеме подготвени“ – рече Џејмс.
Американците во четвртфиналето ќе се сретнат со селекцијата на Бразил. Натпреварот ќе биде одигран на 6 август.

